Media & Marketing Blog

Сурфање на мобилен – солидна опција за вашиот блог

Минатата година додека бев на одмор, во Охрид, прв пат имав прилика, сериозно да испробам и користам интернет преку мобилен. Немам некој скап и современ мобилен, не е тоа за мене, користам Nokia 6030. Но лани ја открив одличната верзија на прелистувачот Opera, OperaMini.

Сепак, колку и да е добра оваа прилагодена верзија голем дел од сајтовите не се направени да се сурфаат на екран кој е премал. Решението, од технички аспект не е лесно. И најчесто си го дозволуваат само поголемите, побогатии и попосетувани сајтови. Тие прават нови адаптирани верзии од своите сајтови и ги промовираат новите адреси кои треба да се втипкаат на мобилен, или пак вградуваат систем за автоматско препознавање и автоматски пренасочуваат до верзијата пилагодена за гледање на мобилен телефон.

Е арно де, ама што да прават помалите, понеписмени обезбедувачи на содржини?

MoFuse: Create a Mobile Website Mobile Site BuilderВечерва, во еден tweet на Владо видов дека си направил верзија за мобилен за својот блог на сервисот MoFuse. Појдов таму, направив и јас за овој блог.

Го зедов мобилниот за да видам како изгледа таму блогов. Ми се допадна, бидејќи навистина убаво го преработува блогов и го прави лесен за прелистување и читаење.

komunikacii_mobileСледно: направив подомен на адресата на блогов: m.komunikacii.net и на него ставив пренасочување до оригиналното место каде MoFuse ја стави верзијата за мобилен од мојот блог: http://komunikacii.mofuse.mobi/.

Резултат: ако сурфте од мобилен, блогов посетете го на M.KOMUNIKACII.NET.

descalimer1: не сум експерт за тоа техничкиот дел со веб страни за мобилни затоа аконешто сум утнал кажете.
descalimer2: муабетов не држи во денешно време кога iPhone и неговиот Safari го изменија сурфањето на мобилен од корен.

Update1: MoFuse има башка верзија за iPhone. Добра е :), погледнете го овој блог на iPhone

Upadte2: Изгледа во исто време сме пишувале пост за иста работа и јас и Paul Bradshaw. Ама тој не се затрчал одма да објави па го рагледал подетално MoFuse. Еве уште некои работи кои ги може сервисов.

  • детекција на посета од мобилен и автоматска редирекција (потребно е да се вгради код во блогот кој го обезбедува сервисов) – што значи мојот поддомен е непотребен 🙂
  • Обезбедува статистика за посетите, реферинг линкови и сл.
  • Може да се променат боите и доменот

Тој дополнително посочува како може да се користи сервисов од новинарска гледан точка. Детали на неговиот пост: Create a mobile version of your site in seconds

3 коментари на “Сурфање на мобилен – солидна опција за вашиот блог”

Коментарите се затворени.