Блогерите на насловна

Зар сте виделе некогаш вест на насловна страна која била позитивна? Знам, многу ретко. Епа денес не е тој ден, за жал. Време денес на насловна има текст во кои од недоволно прецизни извори со недоволно прецизна временска рамка и недоволно јасна постапка вели дека мк блогерите ќе биле цензурирани.

Ивица има фини изјави, ама текстот некако виси во воздух за да почне да се паничи, сепак едно е сигурно: со сигурност ќе може да се очекува нова голема преселба од блогерајот на он.нет на некои од светскитебесплатни блог сервиси.

Не дека блогерите не знаат кои се тие, ама еве еден краток список:

Blogger – на Google е
Wordpress.com
– на база на WordPress (најупотребуваниот блог софтвер)
Blogsome – исто така на WP

За секој случај ако сакате да блогирате анонимно, Reporters without Borders уште пред некоја година подготвија прирачник. Бесплатно можете да го преземете тука: Handbook for bloggers

+ ќе го апдејтирам постов кога ќе ја обноват странaта на Време

++ подоцна: Државата ќе им ја затне устата на БЛОГЕРИТЕ – само сензационален наслов, ништо повеќе. Не сакам сензационални наслови, особено не оние на Време. Бидејќи, скоро по правило, најголемиот наслов на насловна страна внатре е најмал и најштур текст.

Technorati Tags: , , , , , , , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, Social Media, Society. Bookmark the permalink.

4 коментари на "Блогерите на насловна"

Коментирај!