Media & Marketing Blog

Предлог решение за регистрација на .mk домени

Да не беа кампањиве на МТВ на телевизоров лево од мене ќе помислев дека сме 1996 или 1997 година. Сеад е крив, ми прати линк, продолжение од анализата во Дневник на тема: домени, интернет, google, чаир и сл.

Скапи измами со евтини интернет-адреси (Дневник 20.07.2009)

Во „МАРНет“ не вршиме проверка при регистрацијата на домените дали со тоа се врши прекршување на некакво заштитено име или трговска марка. Ова е од причини што регистрацијата мора да се врши релативно брзо, а Заводот за индустриска сопственост, кој, иако има релевантни информации, не може да одговори во реално време.

Имам предлог решение за надминување на оваа опасност која демнее над нашиот интернет простор.

  • Да се воведе 055 или сл. линија за закажување на регистрацја на домен.
  • Да се воведе плаќање на таксени марки во вредност од 110 денари за секоја регистрација или промена во регистарот
  • Наместо само еднаш, да се бара уверение од Централен Регистар на секоја нова регистрација од иста фирма
  • Да се бара бизнис план и среднорочна стратегија за употреба на соодветната интернет адреса која се регистира
  • Да се одобрува барањето во рок од 10 работни дена

Со вакво третирање на темиве, ништо чудно и последициве да бидат токму овие.

4 коментари на “Предлог решение за регистрација на .mk домени”

  1. George Zafirovski

    Мислам дека предлог решениоето ви е многу бирократско и ги спречува оние кои имаат добри намери, значи да не регистрираат домаини од типот да си завршат работа за 5 минути како на секој нормален домаин регистар во светот.

    Ако ми бараш бизинис план за сајтот на мојата 13 годишна ќерка, или дибротворно друштво или акција, се нарушува основниот принцип на итернет и слободниот пазар. Со овој предлог целиот процес го правите уште покоплициран.

    Интернет адреса може да има СЕКОЈ. Интернет не е само за бизнис, туку са се што слободното граѓанство сака да прави со него и да го примени за што им душа сака (во легални рамки се разбира).

    Цел пробелм се решава со обична „хоис“ (whois) скрипта која ќе провери доколку домаинот кој го регистрирате веќе има некој сопственик со исто име но друг gTLD и ќе го предупреди регистрантот дека на негов сопствен ризик може да ја регистрира адресата. Доколку сте доволно луди да регистрирате apple.mk тогаш сигурно еден ден адвокатите ќе ви затропаат на врата, но за помали компании тоа воопќто не е важно затоа што немаат време и пари да се бафтаат со овие проблеми.

    На пример "whois komunikacii.net" ќе ви даде инфо дека домеинот постои и кој е сопственик.

    Registrant Contact:

    Ivan Petrusevski ()

    Fax:

    Oktomvriska Revolucija 13-1/6

    Kumanovo, 1300

    MK

    Administrative Contact:

    Ivan Petrusevski (info@mkhost.org)

    +381.070852711

    Fax:

    Oktomvriska Revolucija 13-1/6

    Kumanovo, 1300

    MK

    Technical Contact:

    Ivan Petrusevski (info@mkhost.org)

    +381.070852711

    Fax:

    Oktomvriska Revolucija 13-1/6

    Kumanovo, 1300

    MK

    Status: Locked

    Name Servers:

    dns1.mkhost.org

    dns2.mkhost.org

    Creation date: 26 Jun 2006 11:19:01

    Expiration date: 26 Jun 2010 11:19:01

    Значи на слободниот пазар одговорноста ќе ја префрлите на крајниот корисник, не на регистарот. Тие не се таму да бидат полициајци туку да нудат услуга.

    Мислете како да го поедоставите и забрзате процесот, не да го бирократизирате и да ми требаат 50 дена да добијам домаин. Треба да биде се онлајн и за 5 минути максимум.

  2. Darko Buldioski

    Џоле, апсолутно се сложувам со тебе, мојава сатира беше само колку да се покаже каде водат ваквите толкувања на материјава.

    Тоа со бизнис плановите беше инспирирано од реален случај. Банките кај нас бараат бизнис план во рамките на процедурата за одобрување на систем за електронско плаќање на интернет страница.

  3. coach outlet online

    You could definitely see your enthusiasm in the paintings you write. The world hopes for even more passionate writers such as you who are not afraid to say how they believe. All the time follow your heart.

  4. Onitsuka Tiger Outle

    Hello! Are you aware if they make any plugins to safeguard in opposition to hackers? I am kinda paranoid about losing anything I’ve worked tough on. Any guidelines?

Коментарите се затворени.