Media & Marketing Blog

Конфузен пост

Пред неколку дена Руперт Мардок со својата корпорација News Corp го направи долго очекуваниот чекор. Во еден поранешен пост (линк) на овој блог беше презентиран говорот со кој оваа корпорација најави дека ќе влезе во online вестите. Иако тие каснат прилично многу, сепак тоа за еден човек како што е Мардок не треба да биде некој голем хендикеп. Неговата изјава дека младите луѓе не сакаат никој да им кажува што да читаат изминативе три месеци беше една од најповторуваните. Потегот со кој News Corp влегуваат во online бизнисот е купувањето на MyPlace.
On 19 July, what appears to be the first really substantive part of the new strategy swung into action: the purchase, for $580m, of the firm behind the wildly popular Myspace.com online community. (bbc)
Овој сервис се поклоува со неговата замисла да им сервира, односно, да им стави на располагање на младите вести токму какви што тие сакаат, всушност да им овозможува избор.

Со влегувањето на уште една крупна ѕверка во борбата за профит во online вестите, ситуацијата се заострува, но и промената се забрзува. Сега дополнително се зголемува бројот на анализите и предвидувањата од кои дел минаа низ постовите на овој блог.

Eli Noam – А
нализа за иднината на весниците (линк)
Промената се случува (линк) и други. Сите овие но и многу други анализи (editors weblog) и предвидувања тежнеат да ја отсликаат иднината на вестите.

Предвидувањата, но и конкретните примери за новите бизис модели во голема мерка се засноваат на локализација на вестите и costomized news (ова не знам како да го преведам). Свое место во промената добиваат и граѓаните. Токму во локалните вести тие ја предводат целата трансформација. На чело со Dan Gillmor и неговите заложби за Citizen Media, и Citizen Jornalism живеат комплетно независно од големите корпорациски медиуми.
Деновиве се случи и парарелно издание на Washingtonpost.com. Тие поставија едно интернационално и едно локално
online издание. (Poynter)

За равојот на медиумите има да се пишува и анализира многу повеќе. Расчепкувајќи по линковите кои се во овој пост, може да се најде уште по некој интересен линк кој може да помогне во отсликувањето на стадиумот во кој сега се наоѓаат новите медиуми. Доколку сте засегнати со иднината на вашиот омилен медиум УЖИВАЈТЕ