Media & Marketing Blog

[интервју] 1 Година Одговори.мк

Ми го најави роденденов Даниел пред 3  недели, му реков дека ќе му пратам прашања, и изумив. Денес твитна дека oдговори слави 1 година, па морав планираните прашања инстатно да му ги испратам. 4 инстант прашања, и 4 инстант одговори на тема oдговори:

Одговори.мк1. За почеток малку статистика. Може ли да ни кажеш колку активни корисници има Одговори.мк, одговри по прашање и слично?
Прво твитот на оваа тема: Мала статистика за првата година на odgovori.mk: 2310 поставени прашања, скоро 9000 одговори и 1970 регестрирани членови. – @odgovori па одговорот: По една година Odgovori.mk има во просек 150 активни корисници кои секојдневно поставуваат или пак одговараат на прашања.

2. Колку време на почетокот беше потребно за да се добие одговор на прашање, а колку е потребно сега?
Во првите денови на сајтот за да добие одговор некое прашање беа потребни неколку часа па до неколку денови, во зависност од прашањето. Но за разлика од тогаш, денес одговорите на прашањата пристигнуваат по текот на неколку минути.  На сајтот најчесто се поставуваат прашања поврзани со компјутери и интернет, технологија, а и образование.

3. Неизбежното. Дали Одговори.мк има приходи или дали во иднина ќе развива некој бизнис модел со кој би можел да стане самододржлив?
Засега нема приходи, но во текот на оваа година oдговори ќе добие мал редизајн, а со тоа ќе се развие и бизнис модел. Ќе има простор за мали банери кои нема да преовладуваат на сајтот, можно е да има спонзорирани одговори и спонзорирани зборови во вид на линк.

4. Што е на ред во TO DO листата за развој на сервисот?

Следно што треба да се очекува на сајтот е како што спомнав, поедноставен и пофункционален дизајн, ќе има опција прашањата и одговорите да се појавуваат во реално време, ќе бидат додадени профили за членовите каде што ќе можат да комуницираат меѓу себе, да стануваат пријатели, да формираат групи и сл.

3 коментари на “[интервју] 1 Година Одговори.мк”

  1. airport transfer ser

    When a cat moves in and rubs your leg for the first time, this is the feline stamp of approval that you've passed initial inspection.

  2. video seo service

    I recently call at your website and read your current Report as well as very Fascinating.I've found excellent info using this report and going to use these records..Man oughout 3rd r really good tumblr ..my partner and i michael gonna save your valuable web site consequently day-to-day i'm able to see your web site along with know something brand new..i'll try to up-date our comments day-to-day to be able to oughout…my spouse and i michael really amazed using your knowledge and also your way of submitting.

Коментарите се затворени.