Media & Marketing Blog

Ова е најдобриот наслов на свет

Наловите ја прават веста атрактивна. Ова го знаевме сите уште многу поодамна, најверојатно од периодот кога почнавме да ги читаме дневните весници за 2-3 минути. Но денес со конвергенцијата која забрзано влијае во сите делови на нашиот живот насловите дополнително добиваат голема улога. RSS агрегаторите моментално се сервисите кои зависат директно од насловите. Како за илустрација погледнете го feed-от на весникот Време (feed). Тука може да се согледа важноста на насловот во овие агрегати кога најголем дел од сториите ќе ги прескокнете бидејќи не ве привлекол насловот. Се рабира овие наслови се направени да служат за печатеното издание, но сепак се многу реален одраз на важноста на насловот.
Овој пост е инспириран од еден текст кој пред неколку денови беше објавен на CyberJournalism.net. Но оваа тема ми се виде премногу очигледа, па решив да не ја спомнам овде се додека не го видов овој пост Read this headline and look 10 years younger!.
Инаку да ви признаам и јас долго размислував околу насловов.
Се надевам дека е привлечен :))
Дека весниците треба да се интереираат за новите видови на диструбуција на вести може да прочитате во овој текст RSS Providers Analyze Newspapers’ Opportunities