Media & Marketing Blog

Политичката комуникација во демократски општества

Иако политиката и политичката комуникација, се крајно неблагодарни теми, на самиот лог-он на овие теми луѓето најчесто се шифтаат на некакви поедноставиени алгоритми на размислување, кој, си со кого си, кого браниш, зошто човек пишува или се активира на таа тема, и слично, но од друга страна игнорирањето на политичката комуникација и реалност од своја страна е несериозно за некого кој сака да биде активен и корисен член на заедницата, така што и таа тема од време на време е неизбежно да се чепне 🙂

Во последните неколку недели низ македонската блогосфера (за мене најкреативниот и најискрениот социјален простор кај нас) се развија бројни дискусии, расправи, па и расправии. Прво на тема Хунѕине :), потоа Грцине, па Јади Бурек јадеше еквус-тројански бурек против блогерите, „епскиот“ антагонизам вмро-сдсм (ye ye :), секогаш лебдечкиот „тоталитаризам“, каде се тука интелектуалците?!?, т.е. дали блогосферата остана како единствена слободна јавна сфера, риалити шоу наречено парламент, и така натам и така навам…

Малку е безвезе/безврска што политиката цица толку енергија од сите нас, но елем, како што спомнав погоре, холистичката логика на политиката per se (тенденцијата да регулира/контролира сé) неретко ја форсира самата комуникација во општеството.

На темава комуникација и медиуми во плуралистички и демократски општества ненадминат гуру сé уште е Ноам Чомски, па што и да каже човек секако е побледо од него, па најдоборо соодветно да се цитира 🙂 Во еден од своите поскорешни текстови (How Propaganda Works in the West) во прилично едноставни црти опишува како пропагандата живее во денешните демократски општества:

На Запад, калкулирачкото манипулирање со Јавното мислење заради остварување на политички и идеолошки цели е далеку поефикасен систем отколку што е тоа наметната пропаганда во тоталитарните системи. Најголемиот успех на ваквата пропаганда е што всушност самата не ја забележуваме дека е пропаганда – или пак се исмеваме на помислата дека се работи за пропаганда. Гледаме со свои очи како се одвиваат демократски процеси: вжештени дебати за кои мислиме дека во секое време можеме да го

noam_chomsky.jpg

искажеме својот став, и мислиме дека затоа што постојат „слободни“ медиуми, на Власта ќе и биде тешко да сокрие нешто нечесно без некој да ја повика на одговорност. Американскиот модел на „социјална контрола“ е многу попрефинет, па заслужува ново име, Тоа повеќе не е пропаганда, се работи за еден вид „проп-агенда“, кој не се ориентира кон тоа што мислиме, туку на тоа на што мислиме (попатна белешка: јавно дебатирање за нешто за што немате практично влијание е практично тактика на оној кој го има практичното влијание, или гномското „кучињата лаат, караванот поминува“ Ова не е некаков обид да се обезвредни јавното дебатирање, кое секако е важно, но ако јавната дебата се сведува само на дебата без граѓански и политички мерки, акции, дејности, конкретни притисоци врз влијателните, таа на тоа се сведува, залудно трошење мегабајти).

Бистар начин да се држат луѓето пасивни и послушни е да се лимитира фокусот на прифатливи мислења, но во рамките на тој фокус да се дозволи „жива“ дебата – дури и да се поттикне покритичко или дисидентско гледање. Тоа на луѓето им дава чувство дека постои слобода на мислење, додека во исто време сите претпоставки на самиот систем се впрегнати кон лимитирање на фокусот на дебатата. Бидејќи на луѓето им е дозволено да зборуваат, тие што се при моќ подобро контролираат за што се зборува – т.е. контролираат што луѓето мислат. Еден начин за ова е да се создаде политичка дебата која оддава впечаток дека прифаќа и опфаќа многу мислења, но таа всушност се одвива и останува во тесни рамки. Мора да се осигурате дека и двете страни прифаќаат одредени претпоставки – и дека тие претпоставки се основата за функционирање на пропагандниот систем. Се додека луѓето го прифаќаат ваквиот пропаганден систем, дебатата е дозволена. Една од причините поради кои пропагандата функционира подобро врз образуваните отколку необразуваните е затоа што образуваните читаа повеќе и затоа се повеќе изложени на пропаганда.

Пред некој ден повторно го гледав „The Bee Movie“ и кога човек го „чита филмот“ како политички трилер, а не комедија 🙂 ептен е интересен од причина како човек може конструктивно да размислува против системот кој го контролира и како да бара подобри компромиси во него или пак ако нема компромиси да го напушти самиот систем. Како и да е, во тој дух на фауно-центрични алегории за нашата реалност, поентите на Чомски можат да се сублимираат на следниот начин: тоталитарниот систем наспроти демократскиот систем се разликуваат единствено по тоа како ги контролираат луѓето, т.е. се сведуваат на разлика на „систем на синџир“ и „систем на трло“:

totalitarno-kuce.jpg

demokratski-ovci.jpg

Во системот „синџир“ си прилично ограничен, стегнат и врзан, и ако „лаеш“ ќе добиеш по муцката (а може и појќе од тоа), а во системот „трло“ можеш да трчаш, да бекаш, мека, маваш (умерено), но сепак остануваш во трлото.

Што се однесува на домашен план, мој став е дека навистина живееме во вистинско демократско општетсво со сите негативности кои тоа ги носи: доминација на капитало-дршците и нивна контрола на медиумите, поткупливи регулатори на медиумите и комуницирањето, проп-новинари, медиуми кои не се медиуми туку гласници или на партии или на капиталодршци, новинари кои се автоценурираат, естаблишменти кои не жалат пари за перење мозок на јавноста, не жалат да дадат пари за консултанти кои постсоцијалистичкиот ситем на контрола ќе го трансформираат целосно во децентрализирана системска демократска контрола, како што за тоа погоре зборува чичко Ноам. Среќна Нова 2009!

пс: Кој е по алегории, супер текст на Оксиморон.

3 коментари на “Политичката комуникација во демократски општества”

  1. sead93

    Даре фала, ќе има и втор дел, да ги досредам „фактите и аргументите“, 🙂

  2. www.portalnaukowy.pl

    the better your chance is of getting

    it listed on google. it’s true. i’ve tested many different word counts. i’ve found that writing content that is between 415-530 words in length is the optimal word count. also, it ensures that people will read your entire entry and click

Коментарите се затворени.