Media & Marketing Blog

Coca Cola, некогаш и сега

Од текстот „Фраер мачо и убавка“ поткрепен со некои новопронајдени примери :

Начинот на кој комерцијалните субјекти ги упатувале своите пораки до публиката поминува неколку фази. Во почетоците, непосредно пред и по втората светска војна, трендот на рекламирање и огласување имал за цел на потрошувачот да му се наметне како доверлив член од семејството или од пријателскиот круг (Fraim). Рекламните пораки што доаѓале од нив биле едноставни, топли, директни и требале да бидат толкувани како пријателски совет на познати и блиски добронамерници. Оваа фаза во рекламирањето теоретичарите ја нарекуваат „информативна фаза“ бидејќи основна цел на рекламата била да се пренесе информација за производот кој се нуди.

Овој тренд на светска сцена почнува да се менува во педесеттите години на минатиот век, кога се преминува во следната фаза на рекламирањето, т.н. убедувачка или реторичка фаза. Рекламите почнуваат да стануваат покомплексни, а нивните пораки сé посуптилни. На различните генерациски и социјални профили им биле упатувани различни и специфични пораки. Р. Полеј (R. Pollay) ова го нарекува премин на рекламата од информативност во трансформативност. Имено, наспроти информацијата за понудениот производ, огласувачите почнале да ја нагласуваат ветената можност на производите да ги менуваат (трансформираат) животите на луѓето, да им ги менуваат навиките, начинот и стилот на живеење и слично . Исто така, некаде во овој период почесто почнува да се практицира и т.н „подсвесно рекламирање“ (subliminal method), според кое рекламните слогани, формите, бојата и останатите особености на продуктот биле пласирани како сугестивни форми за човечките желби.

5 коментари на “Coca Cola, некогаш и сега”

  1. gorde

    cekate komentar za ovaaaaa?………zar ima komentar za ovaaaa?!?

    Laga i samo laga….ako pijam kola kola ke bidam po dobra domakica, ili kecelata mi stoi okolu vrat, bas za toa deka pijam koka kola ……..

    Sublimalnosta vo reklamite kaj Amerikancite e maximalno zastapena ….. retko koj brend ne ispraka poraki koristejki go metodot sublimalnost. I Telekom pred 5 god imaa edna takva reklama, slika kade devojka zbori na tel a ako ja zagledas ubavo ke vidis deka nema usta.Toa znaci imas tel od Telekom ne vi treba organot Usta.Toa e isto kako Salamaderot koj ziveel vo pestera i so tek na godinite ne gi koristel ocite i mu zakrzlavele, odnosno gi nema, isto i so porakata na telekomci,zborele bez usta ,samo so jazi.E kako ke zboram bez usta samo so jazik, koga ne sum plavusa:))))))

    Im poracuvam na onie koi se zaiteresirani tokmu za reklamata pobarajte na net reklami od 60, 61 god., porakite spored mene se poveke antireklami….a nesto sprotiva od toa vi predlozuvam da zirnete za IKEA reklam. A nesto i ke najdete i na http://www.23hq.com/Gorde :))))

  2. gorde

    Ej go zaboraviv Bodrijar :))) bi rekol za ova: Simulakra i Samo Simulakra…….no za zal lugeto potpagaat na ove zadskrieni podsvesni poraki i se poveke se zrtvi na niv, bez malku svesnost i razmisluvanje za nivnoto vlijanie vo nivnite zivoti, zivoti atomizirani a sepak ,,site svoi na svoj nacin''

  3. sead93

    Горде, мерси за коментарите, напиши ако имаш некој добар линк за стари реклами, многу е интересно како тогаш биле „перени“ мозоците на потрошувачите. На еден од постовите на блогов има пример како доктори во бели мантили рекламираат цигари со порака дека ако доктор пупи што ти „смета“ на тебе обичен граѓанин да пушиш и да не се секираш за здравјето?!?

Коментарите се затворени.