Сајтот како последна опција

Синоќа дур’ го гледав на К5 првиот дел од Харолд и Кумар и спокојно си грицкав грицки, оп, „брејкинг њуз“, Заев морал во „ќорка“, повеќе во вестите во 11ч. И како што обично бидува, држ-не дај. ќе ја пропуштиш веста што мора да ја чекаш саат време. Па ќе побараш на нивниот сајт, ништо, само бајати вести од сабота, а не оставиле ни јогурт на сајтот.
Па бараш на другите сајтови, прогледуваш нешто да не има на конкурентските телевизии, ништо. И си викаш, по толку труд бесплатни совети од сите страни и барање од публиката за
саглам сајтови на медиумите, ништо. Сајт колку да се имало, имал комшијата саjт, па и ја сум си клал еден. Да се види потенцијалот на самиот медиум, да се искористат можностите, да се комплементира телевизиската компонента на медимуот, и сл. ма нема шанси. Сега не е никој наивен, треба да има „дете“ тоа да го прави, во доцните часови, но ако има дете да ми пушти телоп-порака, па што е толку проблем на сајт да се ставело. Нејсе..

inspire-ignorance.jpg

Единствено Утрински ја спаси честа ма медиумите и нè почести со навремени и прецизни информации. И видете ја (ова е со акцентска целост напишано :) дискусијата, тоа се вика да го почувствуваш пулсот на публиката.


This entry was posted in local, Media, New media, online and tagged , . Bookmark the permalink.

5 коментари на "Сајтот како последна опција"

Коментирај!