15 годишно момче поставува рекорди
во интернет заработка

Најава:
По објавувањето на постот за T-Home се рекалмира на facebook, стекнав ново интернет приајтелче од Македонија. Имењакот Дарко е десетина (и повеќе) години помал од мене, ама е дете на т.н. интернеет генерација. Заглавило момчето во водите на интернет маркетингот и веќе некое време функционира на глобалниот пазар.
Денес ме замоли да направам мал експеримент. Да биде гостин блогер на комуникации.нет и да објавам негов пост на негова тема. Епа еве:

Гостински пост:
Трагично е. Кога на некој човек ќе му спомнеш правење пари на интернет, сите викаат: Еј тоа ли bux.to, кликаш реклами, да бе сум го пробал тоа ништо посебно не е.

Две прашања: Има ли некој овде слушнато за INFORMATION MARKETING? Продавање дигитални продукти? Помош: Мулти билионска индустрија е.

Многу луѓе немаат слушнато за ништо од ова што го спомнав. Луѓе кои сакаат да почнат да заработуваат на интернет.

Затоа е и постов, да им помогне на тие луѓе да почнат…со еден супер бесплатен сајт.

Ако ме прашаат: Дарко, ако имаш еден сајт да препорачаш на секој почнетник кој сака да почне да заработува на интернет, кој би бил тој?

Без двоумење,

Thirty Day Challenge

Thirty Day Challenge е сајт чија цел е јасна: Заработи ги првите 10 долари на интернет. Зошто 10? Си забележал ли…повеќето сајтови кои ти нудат да заработиш пари се од типот: 2000 ДОЛАРИ ЗА 3 ДЕНА! ГАРАНТИРАНО!

Жими г**ов. Вистината е, ако беше лесно да се заработуваат пари на интернет, сите ќе го правевме тоа и ќе бевме богати. А тоа, како што гледаш и е очигледно, ова не е случај.

Вистината е, повеќето луѓе не заработуваат ни долар во првите неколку месеци. Така што 10 долари во првиот месец кога почнуваш е повеќе од голем успех! А има и една мала ствар што заборавив да ја спомнам…

Кога ќе заработиш 10 долари, се перцепираш себеси како “money maker”, личност што знае како да заработува. Ако можам да направам 10, зошто да не можам 100, 1000, 10.000, МИЛИОН?!?!?

Затоа топло го препорачувам сајтов на секој што сака да почне со ова. Јас лично имам другар од Скопје кој заврши ЕТФ (поздрав Војдан :) ) и кој наместо да се вработи и да зема просечна плата од 300 евра сега работи онлајн и зема 2000 месечно од CJ и Clickbank.

Ако имате дополнителни прашања, прашајте во коментарите, ќе гледам да одговорам на секој кој е заинтересиран.

Поздрав,
Дарко (не darko156 :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in marketing, online and tagged , , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

21 коментари на "15 годишно момче поставува рекорди
во интернет заработка"