Зошто во Македонија нема 24/7 новинарство?

За волја на вистината, кога по затворањето на весникот стасуваат значајни вести, нашиот уредник на Интернет-изданието ги поместува на официјалната веб-страница на „Утрински весник“. Така се случи и во неделата, со таа разлика што веста е апдејтувана во 21,48 часот, што е далеку од совпаѓање со терминот што го посочи Шекеринска.

Не можам ни да се обидам да си замислам колку контраверзни ситуации како оваа би почнале да се случуваат/измислуваат кога некои од т.н. традиционални медиуми би ги напуштиле класичните ударни термини кои длабоко се врзани со нивните традиционални изданија, а не со навиките на публиката.

Ова извадоков на почеток е најсветлиот дел од она што го прочитав во Утрниски (Валканo подметнувањe од „Вечер“ на сметка на „Утрински“), а е поврзано со вчерашниот текст на Вечер (Радмила Шеќеринска индиректно го прозва “Утрински весник” нарекувајќи го полициско-партиски мегафон во медиумите)

Дневниот весник „Вечер“ во своето вчерашно издание свесно ги измеша лончињата. Во поднасловот на текстот „СДСМ го пушти низ вода Зоран Заев“, објави валкана клевета за нашиот весник, па од пресот на лидерката на најголемата опозициона партија весникот си извлече заклучок дека „Радмила Шекеринска индиректно го прозва ’Утрински весник‘, нарекувајќи го полициско-партиски мегафон во медиумите“.

Каква ли е оваа професионалност? Кое е ова ниво? Како може еден дневен весник да си дозволи толку плитка манипулација? И ова поминува во МК. Тажно. Навистина тажно.

фала Дамјан


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Journalism, local. Bookmark the permalink.

3 коментари на "Зошто во Македонија нема 24/7 новинарство?"

Коментирај!