Македонска корида

Agenda setting е вообичаената програмска агенда на информативните медиуми или програми, која произлегува од нивната уредувачка политика. Во нашава литература терминот се среќава и како „програмска рамка“, разбран во линеарна смисла, и во однос на тоа по кој ред и со кој приоритет се презентираат информациите.

За да се зборува за agenda setting по сите нишани, неопходен е општествен контекст во кој политичкиот, економскиот и медиумскиот столб се јасно издиференцирани. Овој термин е погоден заради тоа што може да послужи како тест колку се независни, или само-опстојни, медиумите, и колку самите новинари си ја извршуваат општествената функција.

korida

Ако низ ваква призма и низ овие поими се тестираат состојбите во Македонија, секако ќе се појават бројни проблеми како може да се анализира дневната или уредувачката агенда на нашите медиуми. Ова пред се заради секундарноста или терциерноста на медиумите во однос на генераторите на„вести“ или „информации“. Таму каде што медиумите не доминираат во произведувањето вести и информации, обично се вели дека станува збор за сервилно/реактивно, новинарство кое ги брка настаните диригирани од екстерни фактори, најчесто политичко-економски.

И навистина ако медиумот нема капацитет да креира своја програмска агенда, ако трча по настаните нафрлени од политички партии, агенции, министерства, што и да е, тогаш тие сериозно наликуваат на бик во коридата кој трча по „црвеното“ тореадорско мафтало. Таквиот медиум само чека да биде прободен од тореадорот тогаш кога тој ќе процени дека така треба (заради забава на публиката, секако).

Бидејќи секој од нашиве медиуми си има своја агенда диктирана од „повисоки фактори“ тогаш уредувачката политика најчесто се реализира како степен на пропустливост за информациите кои се сервираат од „својот“ тореадор.

И конечно, зборувајќи низ вакви алегории, кога веќе еднаш на македонското новинарство ќе му се случи ова:

145


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Local, Media, Society. Bookmark the permalink.

3 коментари на "Македонска корида"

Коментирај!