Media & Marketing Blog

Зошто во Македонија нема 24/7 новинарство?

За волја на вистината, кога по затворањето на весникот стасуваат значајни вести, нашиот уредник на Интернет-изданието ги поместува на официјалната веб-страница на „Утрински весник“. Така се случи и во неделата, со таа разлика што веста е апдејтувана во 21,48 часот, што е далеку од совпаѓање со терминот што го посочи Шекеринска.

Не можам ни да се обидам да си замислам колку контраверзни ситуации како оваа би почнале да се случуваат/измислуваат кога некои од т.н. традиционални медиуми би ги напуштиле класичните ударни термини кои длабоко се врзани со нивните традиционални изданија, а не со навиките на публиката.

Ова извадоков на почеток е најсветлиот дел од она што го прочитав во Утрниски (Валканo подметнувањe од „Вечер“ на сметка на „Утрински“), а е поврзано со вчерашниот текст на Вечер (Радмила Шеќеринска индиректно го прозва “Утрински весник” нарекувајќи го полициско-партиски мегафон во медиумите)

Дневниот весник „Вечер“ во своето вчерашно издание свесно ги измеша лончињата. Во поднасловот на текстот „СДСМ го пушти низ вода Зоран Заев“, објави валкана клевета за нашиот весник, па од пресот на лидерката на најголемата опозициона партија весникот си извлече заклучок дека „Радмила Шекеринска индиректно го прозва ’Утрински весник‘, нарекувајќи го полициско-партиски мегафон во медиумите“.

Каква ли е оваа професионалност? Кое е ова ниво? Како може еден дневен весник да си дозволи толку плитка манипулација? И ова поминува во МК. Тажно. Навистина тажно.

фала Дамјан

3 коментари на “Зошто во Македонија нема 24/7 новинарство?”

  1. sead93

    Нискостите на г'зетата Вечер (г'зета = весник што носиш во тоалет, но не за читање) се под секаков коментар, се надевам дека само конкуренцијата нема да подлегне на нивните нискости и да го прифати тоа како „нормално“, оти ние читателите тоа секако не го прифаќаме како нормално. Имам многу импресии на темава, па ај ќе пишам пост 🙂

  2. Doktor

    Веста таква како што е напишана во Вечер држи вода. Зошто ја суделе Ивона која не е член на ЗНМ, а за новинарката на Дневник нема санкции?

    Инаку немам високо мислење за ниту еден весник во државичкава, освен можеби Нова Македонија.

Коментарите се затворени.