Ако некој има илузија дека човечкиот живот е подеднакво вреден во новиот демократски глобализиран свет една показна слика колку сме далеку од тоа во реалноста:


sead93
Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
Од Jovan 2 August, 2007 - 1:04 pm
Не мешај баби и жаби :)
Сериозно, еден загинат сограѓанин е многу побитна вест отколку некоја трагедија на друг континент. Така било отсекогаш. Всушност на времето не ни знаеле што има зад ридот.
Од sead93 2 August, 2007 - 1:23 pm
Сепак се работи за глобални медиуми (овде BBC World, Yahoo!) кои барем тврдат дека пренесуваат професионално вести од сите страни на светот, затоа се и глобално популарни. Но, во право си дека, иако во поинаква форма ни се презентират, ставовите им се прилично закостени и не се менуваат.
Од Стеван 15 August, 2007 - 1:24 pm
На сајтот од А1 Телевизија денска има две вести:
1. Двеста загинати во терористички напади во Ирак
2. Шест италијански мафијаши убиени во Дуизбург
Наградно прашање: Која е овие две вести е почитана?
Од sead93 16 August, 2007 - 9:05 am
Можеш да напишеш која е, чисто заради споредба, нормално би било тоа да биде Ирак, но контекстот е дека бројот на загинати во Ирак веќе и не е вест, па може да биде и втората поинтересна и почитана.
Од Стеван 16 August, 2007 - 11:19 am
Нормално дека не е Ирак, 2:1 беше односот Италијанци – Ирак.
Мислам дека премногу си дозволуваш да коментираш работи за кои немаш доволно искуство.
Уредниците на „класичните“ медуми од искуство знаат кои вести се почитани и така ги рангираат, а на интернет сајт бројот на „отворања“ на одредена вест можи да се следи од секунда во секунда па многу побрзо се стекнува искуство.
Од Стеван 16 August, 2007 - 12:40 pm
Грешка, 3:1 е односот во корист на „Италијанците“.