Media & Marketing Blog

Повеќе извори

Според годишните извештаи за новинарството во Америка (линк) online медиумите бележат напредок во повеќе сегменти (линк). Еден од резултатите на овие истражувања се однесува на причините зошто публиката ги сака овие медиуми (линк). Меѓу неколкуте работи публиката многу е задоволна бидејќи преку овие медиуми многу полесно може да дојде до повеќе извори за една ист настан. Ова не се однесува само на различни веб-страници туку и на повеќето извори во рамките на една сторија.
Зошто сега сево ова го спомнувам.
Денес решив да линкувам еден текст, кој за разлика од досега објавуваните постови сврзани со CitJ, на овој тип новинарство гледа негативно. Реално е да се знае дека има луѓе на кои не им се допаѓа овој концепт. Vin Crosbie …

• is president and managing partner of Digital Deliverance, a new media consulting firm. The fifth generation of his family in the newspaper business, Vin was an executive with Reuters and UPI, was the first director of online publishing for News Corporation, and was one of the pioneers at Freemark Communications in Cambridge, Massachusetts, who invented the concept of free e-mail…

…во својот коментар кој всушност претставува подготовка за некоја радио емисија, а е објавен на блогот Rebuilding Media тој вели дека CitJ всушност претставувало враќање назад педесет години кога новинарските организации и новинарите во Америка се занимавале со локални стории, за разлика од денес кога корпорациите ја расипуваат оваа слика. Сепак да не ви го раскажувам текстот, еве линк до него и ви препорачувам да ги прочитате и коментарите. (нели јас сум позитивец во однос на CitJ)