Реклама во три корки

Како може да се толкува една реклама? Како може да се анализира една реклама? Како треба да се толкува и анализира една реклама?

Засега нема консензуален одовор на овие прашања, иако дебатите и анализите на темава се повеќе од бројни, особено во англо-саксонските академски кружоци и во сферата на влијанието на американскиот прагматизам.

Нејсе, или ти хауевер, постојат некои основни препорачани пристапи како треба да се толкува, а потем и анализира, една простодушна реклама.

Кетрин Фрит (Catherine Frith, Massachusetts Univ., US) ја наведува оваа методика: рекламата се анализира на три нивоа: (а) директно или површно ниво, (б) интенциско или реторичко ниво, и конечно (в) длабинско или културно-идеолошко ниво. Првото ниво подразбира прост опис на елементите на рекламата, наративот од истата (ако има) односите помеѓу елементите и сл. Второто ниво ја дешифрира намерата или стратегијата на оној кој се рекламира, која е неговата скриена порака и вистинска намера, и трето ниво (в), подлабинско значење на самата реклама и нејзиниот наратив, од културолошки аспект и низ призма на покрупни категории како што се идеологија, родови односи, политички вредности, митологија и сл.

roaming_bruno-4_mkd-copy.jpg

Ниво А: Рекламата се состои од момче тинејџер(че), кое се наоѓа на плажа (индекс=реквизити) некаде во странство (индекс=текст) како зборува на мобилен, додека го гледаат две девојки во бикини (кои патем кажано, случајно или не, се многу згодни и привлечни).

Ниво Б: Огласувачот сака да ја истакне (1) комфорноста (индекс=цена=ефтино) на своите корисници додека зборуваат во роаминг (за разлика од корисниците на конкурентските компании), (2) услугите кои нивниот корисник ги користи ќе му донесат различни бенефити (меѓу другото и „згодни жемцки“).

Ниво В: Рекламата ја презентира (1) доминантноста на мажите во модерното општество (индекс=самоувереност, централно место во рекламата, присуство на љубопитни и заинтересирани девојки околу него, (2) потрошувачката култура и престижноста која одредени производи и услуги ни ја овозможуваат (ти си она што купуваш), (3) сексуалната подреденост на жената, т.е. жените се „природно“ упатени своите телесно-сексуални благодети да им ги даруваат на истакнатите успешни самоуверени мажјаци.

Ова е само еден базичен начин на читање, а има многу, има дури и некои откачени кои рекламава ја читаа како ептен кул :) Мерси на Горде за поттикот за овој текст..


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Marketing, Media and tagged , , . Bookmark the permalink.

5 коментари на "Реклама во три корки"

Коментирај!