Media & Marketing Blog

Facebook баче, попопуларно и од Џастин

„Facebook“ иако не е тотално нов вид на социјално вмрежување (постои од 2004 г.), во неколкуте месеци наназад доживува голем подем во својата популарност, се разбира отсликана преку бројот на корисници и нивната интензивна активност на платформата (повеќе од половина корисници ја посетуваат платформата на дневна основа). Друго мерило за растечката популарност на „Facebook“ е огромниот број на апликации (кои од 24 мај 2007 може да ги креира секој корисник) кои корисниците можат да ги користат преку Facebook. Нивниот број исто така рапидно расте.

Бројот на корисници на Facebook грубо е одреден на цирка 50 милиони (второ место кај платформите за социјално вмрежување, зад MySpace).

Што се можеш да правиш на Facebook? Слајд 6 од оваа презентација, во која се наоѓаат и други корисни информации за овој веб-феномен:

ПС-лични импресии: сложено мени за навигирање низ содржините. Дури пред некој ден го сменија интерфејсот, се уште го проучувам, па за попоткрепен став нешто подоцна. Сега гиковската нација ќе извика дека нема врска, но за еден просечен корисник, менито е троа компликувано. Убаво е што можат многу работи да се споделуваат (слики, видеа, песни, коментари, акции, петиции и сл.), ама има една фина реска граница на приватност која се губи неповратно (преку можноста твоите пријателчиња да ти ја следат активноста на профилот). Вистина, има можности да контролирате кој што гледа, но ако имате 200 контакти, тогаш сето ова малку оди потешко во пракса. Како и да е на Facebook се изнагледав работи што не ми се нешто важни за луѓето што ги знам, но тоа е 🙂
Една пријателка на зезање ставила верена (engaged) и си го загорчила животот: едно 115 пријатели и се налутиле што дознале дека е верена преку Facebook, па дур се објаснила, што е вистина, што не е, уф-уф. Друга работа апликации кои просто ви го преплиснуваат профилот: на пр. „Gorgeous Lovers“ 🙂 како и 99% од апликациите те тера да ја форвардираш, па кога на некој пријател или пријателка ќе им стигне порака од типот „X revealed that you are on of his/hers Gorgeous Lovers“ паѓа или тешка смеа или караница 🙂
Од презентацијата може да се види дека Facebook е финансиски испреплетен со Microsoft, што е еден фин минус. Но сето останато, им е оставено на уживање, и на прилагодување, како и останатите Веб 2 феномени, на самите корисници.
Уште ена по мене важна работа, иако Google предничи според нови модели на рекламно работење, Facebook исто така дава иновативни начини на рекламирање и маркетинг можности…доста е, за сега.

4 коментари на “Facebook баче, попопуларно и од Џастин”

  1. Darko Buldioski

    Facebook заработува од продажба на информации.

    Комерцијалните ентитети наместо да прават скапи и сложени истражувања денес можат да си направат апликација, да ја убутаат во системот и да си ги извлечат податоците, или може да си побараат facebook да им даде некоја информација повеќе која ќе им помогне во лансирањето на новиот прозивод.

  2. sead93

    Во презентацијата има доста детали околу буџетирање и профитирање ама нема такви отворени муабети, разбирливо, но мене тоа ми беше интересно, иако Гугл се удираат во гради како лидери на нивата ера во адвертајзингот , Фејсбул си ќутат и лупаат профит.

  3. darko

    sakam da vlezam vo stranicata na facebook ve molam po mognete mi

Коментарите се затворени.