Media & Marketing Blog

Растат сите, растеме и ние

Досега за активноста на блог заедницата најголем дел од скептиците се повикуваа на едно истражување извршено од страна на фирмата Perseus. Насловот на ова истражување е The Blogging Iceberg и воглавно констатира дека најголем дел од блоговите кои се креирани многу брзо се напуштаат, но и дека типичниот претставник на блог заедницата е тинејџерка која постира еднаш до два пати месечно, со цел да ги информира своите пријателки за случките во нејзиниот живот.
Е овој стереотип кој се заснова на истражување на блоговите кои се креирани преку бесплатните сервиси веќе може слободно да го бутнеме во вода.
Најновите истражувања и мерени фрекфенции од страна на Technorati покажуваат голем пораст во повеќе сегменти директно врзани со блог-заедницата. Според извештајот на CBSNews (се базира на бројките од Technorati) нов блог се креира скоро секоја секунда, блог-заедница се удвојува секој 5,5 месеци, 55% од блоговите се активни и најмалку 13% од сите блоговите се обновуваат најмалку еднаш неделно. Според извештајот на Technorati кон крајот на Јули оваа година дневно се креирале околу 900,000 постови, тоа се 37,500 секој час или 10,4 во секунда.
Позитивното во сево ова е што паралелно со блоговите и постовите растат и нивните читатели и фирмите кои се рекламират. Секако овие последниве кај нас не важат :))
Но сведоци сме дека и во нашава македонска блог-заедница се креираат нови блогови. А блоговите прераснуваат во македонски интернет страници кои се најредовно дополнувани со нови често многу разновидни содржини.