Media & Marketing Blog

Дали сѐ уште е потребна телевизија за да се допре до масовна публика?

Ова прашање, се разбира од маркетинг гледна точка, односно од позиција на испраќање на рекламна порака го поставиле аналитичарите од eConsaltancy до голема група на маркеитинг луѓе. Помалку изненадувачки но токму на ова прашање имало најголемо несогласување помеѓу испитаниците. Повеќе од половина рекле дека телевизиајта не е потребна. Еве ја табелата:

Секако одговорот на прашањето дали испитаниците имаат право или не, не е едноставен, односно не е ДА или НЕ. Па затоа е потребно да се елаборираат и две страни, еве дел од работите кои ги наведува Stefan Tornquist во постот: Agree to Disagree: TV vs Digital for reaching a large audience

First let’s train our sites on television. It’s a advertising medium under attack by internal and external forces:

  • Every day it gets easier to block commercials or simply access television content in commercial-free formats. A recent study indicated that over 60% of viewers had time-shifted some of their programming in one way or another.
  • Competition with digital media has led to somewhat less time spent with television, but a more profound change is in the quality of that time. Studies show that viewing is no longer an activity unto itself but one shared with searching the internet, playing games, posting FB updates, etc.
  • Time shifting doesn’t just reduce the number of ads watched. It also diminishes the impact of all ads, but especially those that reference an event, such as a holiday or sale.
  • TV is expensive and getting more so, even as its effectiveness wanes. TV pricing for 2011 is predicted to grow at better than 12% – a bit faster than paid search marketing for example, and 3pts better than all ad growth at 9.2%.

 

Most observers would agree that television is a flawed medium for advertising, but when it comes to aggregating large audiences, is the internet the answer? It has its own issues:

  • Look at the Kafkaesque world of data-enhanced ad technologies and you’ll find a lot of ways to make audiences smaller. They may be highly relevant, but the goal for mass market campaigns is quantity first, targeting second (or further down the list). The goal of putting the right ad in front of the right person at the right time may be closer than ever, but that’s not the kind of marketing that moves millions of units by next Friday.
  • You can personally name most of the wildly successful online branding campaigns (you’re doing it now in your head… the great Unilever stuff… Old Spice guy… now you’re going way back to Subservient Chicken…). Most massive online phenomena are viral or have a viral component. We’ve learned a lot about how to “prime the pump” for viral success, but that means leveraging other channels. Of those, the heavy hitter is television.
  • The emotional component of advertising is difficult to quantify, but most would acknowledge that the internet lags behind television for sheer visual power. Even the most modest television screen offers a viewing experience that’s only matched online by the best monitors coupled with rarified speed and unusually good content. Meanwhile, there’s nothing modest about the large format, high-definition televisions that are becoming the norm.
  • The context for online ads can be very exact, but it rarely has the same potential for emotional impact as a television event. Premiere League matches, NFL games, royal weddings and talent shows can make a brand part of a larger experience. Under the right circumstances, digital could do the same, but rarely does.

Секако и покрај образложувањата останува фактот дека телевизјата има големо влијание пред се заради силната визуелна комуникација врз која се уште длабоко почива нашата култура. Секако конвергенцијата си го прави своето. Доаѓаат генерации кои не растеле пред ТВ екранот туку растеле со ТВ екранот но и со мобилен телефон, видео конзола и преносен компјутер во рака. Тоа прави голема разлика а таа сериозно ќе се почувствува во иднина.

И секако при дискусија на темата дали телевизијата полека добива своја замена, неодминливо е локалното прашање. Македонците се „зависници” од ТВ, но дали може да се очекуваат наскоро поместувања и тука? Ете, А1 ја нема, кои се очекувањата? Каде ќе одат буџетите за огласување? Можеби сега амлку поголем дел од планираното ќе се прелее на Интернет или и огласувачите и публиката ќе си продолжи по стариот пат и ќе се однесува како ништо да не се променило?

8 коментари на “Дали сѐ уште е потребна телевизија за да се допре до масовна публика?”

  1. аждер

    Не гледав телевизија цел викенд. Супер а? Се вклопува во статистика? Тешко ако зборуваме за Македонија. Поверојатно е за секој еден што не гледа, да има многу што гледаат Шител и слични гадотии. Зарем тие би ја пренесле мојата порака? Да не треба првин да ун покажам членска и мокрача? 🙂 Сѐ на сѐ, додека пензионерите не се пензионираат од телевизија и весници, а останатата раја ќе има време и пари за Интернет (најчесто имаат само едно) и одберат да гледаат соодветни содржини (или пак сѐ што објавуваме да е врзано порничи) сеуште ќе треба телевизијата.

  2. Darko Buldioski

    Ајде малку тест… знаеш дека ќе има Аквапарк така? Дали поголем дел од луѓето околу тебе знаат? Од каде дознале? Има реклама на ТВ?

  3. Шмркот

    Супер што го спомнавте Аква паркот, но овој случај го гледам како исклучок поради тоа што се дозна преку еден од сајтовите за групно купување. Како што напоменав и на Твитер, групните сајтови се единствен начин (клик-рекламите/банерите не ги рачунам) за промоција преку интернет кај нас бидејќи ги користат поголем број од луѓето со интернет кои инаку киснат само на Фб и забавните портали.

    Со други зборови, ние како општество воопшто не сме tech savy односно прогресивни. Со тоа, борбата кај нас ја ја гледам помеѓу телевизијата и уличниот маркетинг (билборди, промотери опашани со реклами на грбот, итн).

    Како и да е, уште еден исклучок ми е ова: http://www.youtube.com/watch?v=tiLYXW7sbHM друга интернет реклама немам видено.

  4. Емка

    Токму така, нема црно-бел одговор на прашањето, барем сеуште не. Кога се работи за рекламирање, на пример, на локален бренд, кој не е подготвен за глобален пазар, веројатно телевизијата е добар традиционален медиум за постигнување на целта. Доколку се работи за глобална порака, несомнено е дека за нејзино најефикасно испраќање е Интернет те. неговите алатки за промоција. Во секој случај, мислам, дека одговорот на ова прашање ќе се менува правопропорционално со генералната употреба и навиките на двата гореспоменати медиуми. Во продолжение и во контекст на истражувањето мало потсетување од истражувањето за македонскиот пазар на Httpool & Ipsos Strategic Puls
    http://www.it.com.mk/istrazhuvanje-za-onlajn-mk-r

  5. аждер

    @ Дарко: Ајде преброј ги луѓето околу мене и после преброј ги луѓето што не се околу мене. Кој број е поважен за статистиката? Колкав број ОД НИВ знаат за аквапарк? Плус, еден бонус за тебе, ЈАС сеуште не знам за аквапарк 😉

  6. Darko Buldioski

    Е до добро де знам дека не е методлошки оправдано, ама мислев на комшии, роднини, родители и сл. :)) нив да ги прашаш.

    Ех, не знаеш? Сега глумиш :))))

  7. аждер

    Сериозен сум, цел викенд не пуштив телевизор, интернет слабо користев, а и кога сум вака фул со интернет не користам „групни купувачки сајтови“ пошто читам дека од таму „луѓето“ разбрале за аквапарк.

    За комшии, пријатели и роднини немав време дури бев прилеп, ама гарант не знаат пошто никој од нив не користи интернет појќе од 2 саати во месецот.

    Очигледно ние сме пазар далеку поназад во интернет културата, како и во другите делови од културата и галопираме кон антиката каде што најјакиот компјутер бил абакус 🙂

  8. vuttirord

    htgxol jjvhpr bottes ugg namur bottes ugg bottes ugg classic short mmdorous bottes ugg soldes org bottes femme ugg-bottes-ugg.com ozhwkye rsazbev vbgqt ???? ?? ???? ? ???????? ?????????? ?? ?? ?? ????? ?? ??????? ???????? | ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? ? dsxzowg bottes ugg sarenza ugg paris bottes ugg et neige vhrgzsda ダウンのコート モンクレール激安 モンクレールのダウンジャケット yledzdvb

Коментарите се затворени.