Media & Marketing Blog

МАТ добил конкуренција?!?

Кога го прочитав ова (courtesy by Дарко :), конечно се израдував дека сме лидери во нешто во регионот, дека има надеж за нашиот претприемнички дух и бизнис иницијатива, но…Штом видов дека никој од естаблишментиве наши не се исликал на вакво нешто (да преземе „заслуги“ дека они се неодминливо заслужни за оваа инвестиција) ми стана сомнително 🙂
Не стварно, па кој здрав би наседнал на ваква „вест“? Се разбира новинарите кои бараат сензации!!!

I privatna makedonska avio kompanija “Akse džet” nudi svojim putnicima nove usluge. Zamislite let avionom do neke svjetske metropole u kome možete da se kupate u velikom džakuziju, da se gađate sa stjuardesama perjanim jastucima, da se rvete sa njima u bazenu sa čokoladom, a kada se umorite, da dobijete pravu tajlandsku masažu ili da koristite švedsku saunu. Na spisku destinacija, na kojima saobraća ova nova avio-kompanija su gotovo sve veće evropske metropole, od Londona, Pariza, Luksora, Moskve, Istambula, Barselone, Rima, Dizeldorfa do Njujorka.

Вистина е дека секси рекламите на „Аxе“ често забегуваат во својата брендирана провокативност (имаат и фејк-секција на сајтот за резервации?!?), но само гладните за глупости и бизарности можеа да го голтнат ова.  И  тоа од Танјуг?!!
На темава, на чет, (Дарко) разговараше со Бранка Бугариска од NewMoment. Дел од нејзините муабети:

Значи идејата на кампањата е да предизвика тизинг (провокација) како стварно да ќе се лансира нова авио компанија ама во ниту еден момент не се прави PR како да е стварно тоа пошто се знае дека е Axe Jet. Адвертајзинг кампањата е ОК, затоа што никаде не ти кажува каде да кипиш авионски карти туку има лого и слоган на крај: Axe Jet. Get On-Get Off. Axe е бренд кој постои одамна, добро е етаблиран, има своја публика и нема потреба од awareness кампања, туку само од имиџ кампања. А имиџот е исто така добро познат – сите реклами (цела комуникација) на Axe е поврзана со desire (желба/копнеж/страст), жени трчаат по мажи и сл.
Абе јасна е ко ден рекламата, тие најчесто користат “extreme behavior” или “extreme consequence” како алатка во рекалмирање.

Сепак пожност во UK да ја утнале, т.е. да избрзал, дека пазарот во регионов не е на исто ниво како таму, едноставно не е спремен. Можеби затоа има мисинтерпретација на пораката….

politika.png

Патем, оваа вест уште стои обајвена и на националниот сервис „Akse džet”: Đakuzi i bazen u avionu, на Biznisnovine (Let avionom u đakuziju ili bazenu sa čokoladom) а агрегаторот Naslovi.net (Pretraga vesti: akse dzet) посведочува дека и B92 ја објавиле па ја повлекле оваа вест.

Update: Како и да е, и покрај тоа што се обидуваме да дознаеме каде точно настанал киксов, останува мистеријата како Танјуг згрешиле, и која реклама всушност се појавила во Србија. Бидејќи ако е адаптирана рекалама на српски тогаш од каде им дошла идеjата дека станува збор за мк компанија.

Ние (сеад, дарко и бранка) ќе продолжиме да копаме а ти можеш да гласаш за постов на Кајмак.от

И што да каже човек на ова освен „напрај место, слатка сестро…“

5 коментари на “МАТ добил конкуренција?!?”

  1. tbone

    kampanjava dobi "epica"vo Kan(toa e oskar za reklami) za kampanja na godinata pred 1-2 godini.

  2. Lavot

    Ау катастрофа. Ами рекламава е стара неколку години. Тешки таленти биле новинарите кои го напишале текстот.

    http://www.youtube.com/watch?v=8PvIdnaJ_C0#
    (датумот на постирање на видеото на јутјуб е од 2006, ама има и постари датуми, така што….)

    Башка тоа требало барем да проверат што е Акс Џет.

  3. Бранка

    Интегралната кампања може да се види на: http://www.youtube.com/watch?v=hky7wN2QGko Оваа кампања одеше пред 2-3 години во Австралија и Нов Зеланд, под брендот LynxJet, а за европскиот пазар се лансира како AxeJet.

    Идејата почнува од ова прашање: Што ако Axe лансира кампања како за авио компанија? И што ако луѓето всушност поверуваат, наседнат? Тоа на Axe фино ќе му се исплати. Тонот на комуникација на овој бренд од секогаш бил секси, и по тоа брендот е препознатлив.

    Кампањата е во неколку фази, во првата целта е да се пуштат гласини за нова авио-компанија (viral, digital, ПР и промоции на самите аеродроми), во втората да се поткрепат гласините (ТВ, радио, принт, ББ, промоции, медиски партнерства, членство во Mile High Club) и третата разоткривање на "мистеријата" преку добра забава и многу смеа (нови ТВ, радио, дигитал, промоции, ивенти… и плус уште малку ПР).

    Се' во "фазонот" на Axe.

    Во сите фази, алатки и комуникациски канали (и кај нив, и кај нас) го има истакнато web сајтот на крајот (дури и ако прво се јави на некој од телефоните, ќе го упатат до web-от), за всушност гледачот/читателот да се обрати токму таму за повеќе информации, откако ќе биде доволно (пријатно) "испровоциран" од сите други алатки: ТВ реклама, радио реклама, принт, промоција, секси стјуардеси што се шетаат на околу и делат флаери и членски картички за Акс клубот на "летачите"….

    Значи, сајтот треба да е клучната алатка во целата комуникација, каде всушност може да се види дека се работи за Axe Jet дезодоранс, и каде се пренесуваат сите информации за брендот.

    И во Австралија првите објави во медиумите и по блогови се на тема "нова авио компанија" (тоа е нели планиран и очекуван ефект во првата фаза), ама видете од case study-то колку клика имале на сајтот на AxeJet, и за колку кратко време! Значи, таму кампањата имала успех – некој ја забележал, па влегол на сајтот да се информира за што се работи, па напишал текст…

    …за разлика од Танјуг и српските медиуми, кои сеуште не ми е јасно како тоа они сфатиле дека се работи баш за МАКЕДОНСКА авио компанија?!?! 🙂

  4. Јован

    Секоја чест за кампањата штом постигнала ваков ефект…

    Ама новинариве…аман бе…

Коментарите се затворени.