Media & Marketing Blog

Македонија шие ама ние не сме свесни эа тоа

Си лежам, конечно после три дена дожд, на плажа со концесија и си ги листам дневните весници кои си ги купив иэутрина. Ништо посебно, овој политичар рекол ова, оној она, и кога оп, на едно ќоше, гледам наслов: Македонија ја шие половина Европа, си викам ај добро можеме ние, ама го гледам наднасловот: СВЕТСКА ЛИСТА НА ЕЛЕКТРОНСКИ ВЛАДИ и веднаш нешто ми стана нелогично.

На светската листа на Е-влади, нашата земја е рангирана на 31. место, а споредено со нашите соседи, Србија е на 48, а Хрватска и Грција се на 86. место.

Македонија е рангирана на 31. место на последната светска листа на Е-влади за 2006 година и зад себе ги остави половината од земјите на ЕУ и соседите. На листата што секоја година ја прават експерти од универзитетот „Браун“ во САД, доминираат азиските земји, кои ги зазедоа првите три од петте највисоки места.

На листата води Јужна Кореја, која лани била дури на 86. место, а по неа следуваат Тајван, Сингапур, САД и Канада. .…Дневник

И, нормално, ко секој друг нормален блогер, го уклучив компјутерот и на плажа се обидов да видам эошто јас не го чувствувам огромниот напредок на македонската е-влада.

Значи по ред: Истражувањето го иэвршил универэитетот Brown.

Brown University’s seventh annual analysis of international e-government finds that many nations are improving services and providing information for users. The United States ranks fourth, behind South Korea, Singapore, and Taiwan. … Seventh Global e-Government Study

Тука на нивната ранг листа успеав да ја најдам нашата МК на високото 181 место кое го дели, меѓу другите, и со Нигер, Буркина Фасо и Туркменистан. Листата има уште една бројка во эагради која эа МК е 33, ама не успеав да откријам што таа эначи , па эатоа појдов на Ideapolitics каде може да се најде целиот иэвештај со појаснета методологија на истражување Global E-Government Full Report, 2007 (pdf 700KB). И, нормално, може да се најде конечната табела эа распоредот во 2007 каде, види мајката, Македонија повторно е на високото 181 место. А бројката во эаграда е минатогодишниот ранг, кој покажува колку сме катастрофални на ова поле кога сме доэволиле толкав пад.

табела

Е, сега да се вратиме на почеток. Дали е Дневник весникот со нај… тираж? Дали е Дневник весник на кој најмногу му се верува? Очигледно дека може, но дали смее Дневник да си го доэволи ова? И малку пошироко, дали може да им се верува на медиумите во МК?

Disclaimer: не велам дека на блоговите или другите видови на нови медиуми треба да им се верува, прашањето е иэлирано эа покренување на поголема свест.

12 коментари на “Македонија шие ама ние не сме свесни эа тоа”

  1. Стеван

    Еден весник направил ненамерна грешка за небитна тема и сега ти одма во прашање ги доведуваш сите медиуми во Македонија заедно.

  2. darko156

    🙂

    Користам нивни трикови, се фаќам эа сламка и правам спектакуларна сенэација 🙂

    И како небитна тема, па немој така, ти се молам. Колку компјутери купивме эа да станеме информациско (а не информатичко) општество и сега вака да ни се враќа 😉

  3. Arwena

    На порталот на http://www.blog.hr/ се уште може да се види повикот кој е упатен до сите блогери, а се однесува на неодамнешните пожари кои избувнаа во Далмација.

    Nedavne požare na dalmatinskoj obali među prvima su rječju i slikom popratili upravo blogeri. Ako imate sličnu vijest ili snimku, nešto što smatrate da je važno ili zanimljivo, sastavite tekst i skrenite nam pažnju putem komentara. Vaše dobre vijesti i priče završit će na naslovnici bloga, a posebno zanimljive uratke objavit ćemo i na portalu Dnevnik.hr. Stoga fotić u ruke i pokažite svima drugu stranu priče koju novinari nisu vidjeli ili objavili.

    Со ова сакам да нагласам дека се придава една нова димензија на блогерството vs. медиумите. Мислам дека на блогерите може да им се верува, но секако како и за се во животот, секоја информација треба да се провери од неколку различни независни извори.

    А дали да им верувам на медиумите во Македонија? Наброј ми барем три добри причини зошто би го сторила тоа.

    Археолошки дневник vol.1

  4. Anonymous

    Друже Стеван, работата е што една грешка е провалена. Знаеш ли уште колку такви секој ден чекаат некој да ги открие?

    Не сакаш да знаеш!

  5. Стеван

    Дарко, не можеш да се бориш против злото правејќи друго зло.

  6. Стеван

    Бидејќи јас повеќе сакам да се зборува за конктерни работи, а не да се генерализира, еве список на најглавните вести објавени на А1 Телевизија денеска (www.a1.com.mk/vesti):

    – И Сенатот бара почитување на времената спогодба

    – Љубчо Георгиевски се активира во бугарската политика

    – Месото од заболени крави не може да се најде на трпезите

    – Нема антракс во источниот регион

    – Здравствените установи сами ќе го плаќаат инсулинот

    – „Фени“ крои стратегија за враќање на бенефициите

    – Азировиќ не знаел дека превезува кокаин

    – Стамболиски и Петковски остануваат во притвор

    – Награда за возачите кои нема да направат прекршок

    – Нови меѓусебни обвинувања на партиските портпароли

    – Јагнула Куновска премина во ВМРО-ДПМНЕ

    – Мотоциклист загина во сообраќајка во Тетово

    – Повисоки сметки за данок на имот

    – „Македонски железници“ го редуцира патничкиот сообраќај

    – 646 милиони долари дефицит во 2007-ма

    – Затворена слободната економска зона „Фени“

    – Добиточната болест „син јазик“ се шири во Холандија

    – Македонија забрани увоз на месо од Британија

    – Дождот спаси дел од посевите во Струмичко

    – Забранет увозот на месо и добиток од Британија

    – Романија треба да внесе 95,84 милиони евра во Буџетот на ЕУ

    – Тројца убиени при напади во јужна Србија

    – Готовина побара домашен притвор

    – Вработените Срби должат по 4,5 плати

    Би сакал некој да ми каже на која од овие вести не може да и се верува и зошто?

  7. Anonymous

    „Љубчо Георгиевски се активира во бугарската политика„

    Има изјава од Георгиевски?!

    Не ни го побарале да го прашаат.

    Сигурен си дека е точна информацијата!

    Не е ни А1, а сепак објавуваат!

  8. Баждарџија

    Дека грешката е ненамерна или сторена поради невнимание е точно, ама дека информацијата е небитна воопшто не е точно. Причини:

    1. Штом се појавила во водечкиот дневен весник значи дека е информација битна за објавување

    2. Се работи за Македонија и нејзината споредба со останатите држави во светотза функционирањето на е-Влада.

    3. е-Влада и е-Демократија се дел од стратегијата на ЕУ за развој на информациско општество, организација кон која сакаме да се приклучиме

    4. Ако не ни е грижа за условно „небитните“ информации дали се точни, тогаш остваме простор на новинарите и медиумите да направат грешки и во „битните“ информации.

    Arwena не заборавај дека блогот е медиум. Значи може да има нова димензија во новите медиуми vs традиционалните медиуми. Макар што тоа е димензија која веќе одамна функционира. Добро за Македонија и за Балканов е нова 🙂

  9. sead93

    А вака може 🙂 фала за појаснувањето.

  10. Baju Bayi

    Wow, marvelous blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your web site is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Македонија шие ама ние не сме свесни эа тоа | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.