Media & Marketing Blog

Нова Македонија со нов сајт

Пред некое време потсетив дека се очекува Нова Македонија конечно да се појави со ново онлајн издание, е ве конечно тоа се појави.

Претпоставувам дека не е уште легната топката, како што обично кај нас бива, па затоа нема да коментирам на прва. Ќе почекам некое време да се стабилзираат, да фатат ритам и што се вика малку да го осетат (новинарите) новиот концепт на интернет изданиево.

Nova Makedonija

Вака на прва само можам, тажно, да забележам дека во Македонија очајно е потребно некоја нова компанија која ќе успее да им продаде CMS на медиумиве. Ми се здосади од WebArhitect и WebBuilder, одмана се поместени границите, а тие си ги влечат истите мани.Патем, дознав дека Нова Македонија го смениле сајтот од коментарот кој го оставил Дамјан за неговиот пост на It.com.mk: Веб сајтот на BBC… Нова Македонија де! еве дел од неговите коментари.

Случајов само ја дополнува катастрофалната состојба на онлајн изданијата на македонските медиуми… досега никој медиум од овој вид нема посветено повеќе време и ресурси на своите е-верзии и сеуште имаат катастрофални дизајни, линкови во “њњњ” форма, а и уште пострашно не ги ни линкуваат, ниту пак се интересираат да воведат поголема корисничка интерактивност освен во вид на коментари или форуми, кои пак во некои случаи не ги модерираат.