Олимписки коментаторски медали

Олимпијадата почна, а со тоа покрај натпреварувачкиот дел, во тек е и забавниот дел. Добра забава на нашиве простори секако се коментарите. Од првите неколку дена со спорадично гледање веќе испопаднаа неколку забавни секвенци на коментаторите, па грев ќе беше да не ги запише историјата. На сугестија на Дарко отворивме вики страница, на која секој со малку добра волја и добро уво може да ги сподели :)

mkolimpiski_biseri_copy.png

За загревање еве неколку бисери од првите неколку дена:

- Сидоровски (МТВ, свечено отворање): Еве уште една земја од Девствените острови, се чини дека денес на стадионот има повеќе земји од таму отколку девици.

- Лазар Поповски (експерт за кајак и кану): Ни Мaркс ни Енгелс не би можеле да пресметаат колку време, труд и средства е вложено за да Атанас Николовски се најде во Пекинг.

Трк на wiki страницата и внимателно гледај/слушај олимпијада и дополнувај за општа смеа.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Media, Technology and tagged , , , , , , , , , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

1 коментар на "Олимписки коментаторски медали"

Коментирај!