Media & Marketing Blog

Зошто Антиќ е подготвен за NBA!

Деновиве имаме можност да следиме серија настани и активности кои досега сме ги посведочувале само за некои далечни, поразвиени пазари. Конечно имаме познати личности (а притоа не се локални политичари) кои преку користењето на социјалните медиуми ја менуваат улогата на „останатите” етаблирани медиуми.

1150915_10201110200510140_1015950729_n

Прво за договрот на Антиќ со @ATLHawks дознавме од твит на неговиот менаџер, потоа тој самиот објави слика од Атланта на својот Instagram профил и сето тоа беше пренесено на порталите на другите информативни сајтови.

Антиќ деновиве преку свoите сметки на социјалните медиуми успеа лично да пренесе пораки за кои до скоро беа потребни медиумите. Без ниту една изјава, без ексклузивни интевјуа и сл. успеaа со своите колеги од репрезентацијата и со помош од својата сопруга да го врати Гечевски во тимот.

Во вакви ситуации самиот Антиќ имаше комплетна контрола на информациите кои излегуваа на темата и сите беа насочени кон неговиот следен статус или објава, а бонус на тоа е и искреноста и спонтаноста која несомнено ги освои локалните фанови.

Антиќ, се покажа како вистински капитен, но она што е поважно (за овој блог-пост) покажа дека е доволно искусен и поткован максимално да ги искористи своите лични канали за комуникација-медиуми. Токму затоа велам дека е подготвен за НБА каде огромен дел од официјалната комуникација се одвива токму на социјалните медиуми, кои се често примарен канал за ексклузивни информации. Останува да го почекаме да се активира малку повеќе и на Twitter – @Antic12Pero