Media & Marketing Blog

Битката кај Гуглпилите

Не се Грузијците и Русите единствени кои си играат интернет војна. Според народната „видела жабата”…. и ние (т.е. нашите медиуми) во период кога „баз” збор е интернет војна побрзаа да пласираат актуелни вести од слична тематика.Но, ајде од почеток. Прво мал вовед во еден убав термин кој го дознав пред некој ден: Social Hacking

ll social engineering techniques are based on specific attributes of human decision-making known as cognitive biases. These biases, sometimes called “bugs in the human hardware,” are exploited in various combinations to create criminal attack techniques.” …Wikipedia

Овој термин и ваквите активности датираат од поодамна, кога блогосферата не била толку развиена, немало социјални мрежи и еден куп други сервиси со предзнакот social media. Можностите во денешно време да се направи ваков тип на хак се големи и многу тешко предвидливи и се разбира потоа тешко се санираат. Еден неодамнешен настан на тема Русија – Грузија буквално го илустрира овој процес. За настанот пишуваше Светлана Годкова на Profy: Russian Bloggers Are As Powerful As Russian Hackers. Накратко:

CNN на некоја своја статија ставиле анкета со да/не прашање: „Дали мислите дека Руските акциии во Грузија се оправдани?”:  1) Да, тоа е мировна мисија и 2) Не, тоа е инвазија.

Веста за оваа анкета пропатувала екстремно брзо низ руската блогосфера со порака да се појде таму и да се гласа за првата опција. Резултатот понатаму е јасен, нели.

Е сега да се префлиме на домашно тло. Време денес објави, а Нетпрес ре-објави за напад на грчки хакери на некоја интернет страница (за која нели, стандардно линкот никаде го нема).

Националистичка војна меѓу Македонија и Грција се води на голем број интернет-сајтови и блогови. Се пишуваат содржини полни со омраза и двете страни си упатуваат погрдни зборови и пцости. Грчките хакери одат и дотаму што напаѓаат македонски интернет-страници и на нив ставаат националистички пораки.

Фино, се е тоа лошо нели, но текстот не ги одвојува блогерите и хајкерите прецизно па може да се добие впечаток дека тие се блиски или исти. Во секој случај, поголемиот (или поважниот) дел од текстот кој ја опишува приказната за (зло)употребата на Knol и YouTube што претставува класичен пример на Social Hacking.

Очигледно ја губиме (и) оваа војна со Грците. Дали во прашање е бројноста, мотивираноста или нешто друго не знам. А може нашата блогсфера и не е толку развиена или активна на тоа поле. Во секој случај современата комуникиација носи нови предизвиции и пресметување на ризици. Knol ја форсира авторската страна на текстовите и тешко дека некој ќе успее да влијае таму, преостанува само да се појде таму и да се пишуваат други статии кои ќе ја промовираат „нашата” вистина.