Media & Marketing Blog

Засвири уште еднаш Сем, жити мајка

Денес браузајќи низ македонската интернет регија налетав на Сем Вакнин (Sam Vaknin), и ми текна дека пред некое време букмаркирав еден негов текст. Некако не присобрав време да го искоментирам неговово писание на тема Web 2.0, но штом ја видов линкуванана преписка си викам зошто денес да на му го разубавиме денот на Чичко Сем и пак ние непродуктивните фиромјани нешто да промрчиме за неговите експертизи 🙂

Во статијата за „American Chronicle“ под наслов „The Demise of the Expert and the Ascendance of the Layman“ (Падот на експертот и подем на лаикот“) чичко Сем зборува за промената во академскиот и социјалниот релјеф на денешните општества во кои развојот на интернет комуникациите и веб 2-ка драстично го менуваат односот кон знаењето и учењето. Бидејќи Сем е омрсен експерт се разбира неговиот пристап е про-експертски, а се она што веб 2 го носи е негативно. Како и да е, се задржува само на негативните аспекти (елабрирани во текстот) на новите медиуми и како тие го поткопуваат знаењето и мегапроектот на рационализмот. Неколку поенти од Сема:

  • An increasingly narcissistic culture that encourages self-absorption, haughtiness, defiance of authority, a sense of entitlement to special treatment and omniscience, incommensurate with actual achievements. Narcissistic and vain Internet users feel that they are superior and reject all claims to expertise by trained professionals.
  •  The emergence of technologies that remove all barriers to entry and allow equal rights and powers to all users, regardless of their qualifications, knowledge, or skills: wikis (the most egregious manifestation of which is the Wikipedia), search engines (Google), blogging (that is rapidly supplanting professionally-written media), and mobiles (cell) phones equipped with cameras for ersatz documentation and photojournalism. Disintermediation rendered redundant all brokers, intermediaries, and gatekeepers of knowledge and quality of content.

  • The first half of the 20th century was widely thought to be the terrible culmination of Enlightenment rationalism. Hence its recent worrisome retreat. Moral and knowledge relativism (e.g., deconstruction) took over. Technology obliged and hordes of “users” applied it to gnaw at the edifice of three centuries of Western civilization as we know it.

 Добро, пред и се, чичко (а може и вујко) Сем дамитибил еден конзервативен тип. Се разбира класата експерти кои со подемот на НМ (новите медиуми, не Нова Македонија) ги губат своите привилегии (читај приходи) имаат сериозна причина да го критикуваат „Новото Доба“ на разулавените маси наоружани со мауси. Како што и самиот спомна строгите рационални сциентифички прокети на 20-от век и неговото височество екvaknin2.jpgспертот имаа шанса и нивнитvaknin.jpgе рационални проекти завршија со: две Светски војни, Холокауст, Сталинизам, Студена војна, Неоколонијализам, Неоконзервативизам и слично. Бидејќи секој еден од овие периоди и настани имаат строго научни корени (Психоанализа, Марксизам, Биологизам, и сл.), мислам нормално е да се појават луѓе типа Дерида, Бодријар, Вирилио, кои ќе го разоткријат рационализмот и отворат простор за поинакви концепти: деконструкција, симуалации, супституции, јавност, Silent Majorities и сл. Без изненадувања тука, процесот кон веб 2 е природен.

Се разбира веб 2 има свои недостатоци, нашироко елаборирани, дебатирани, полемизирани, напаѓани и бранети. Многу од нив спомнува и ујче Сем. Како и да е, НМ имаат барем една предност: никој нема да ве отепа, прогони или избрка од дома заради својот придонес кон колективното знаење, Вики, и сл. Тоа е секако голем методолошки исчекор напред за разлика од експертскиот рационализам, кој полага право буквално и на живот и на смрт. Тој може да одреди кој треба и како ќе живее. Критиките на Сем се предумислени и пристрасни. Тој не зборува за прогресивната страна која НМ ја носат (демократизација, децентрализација, демонополизација на знаењето, дефлацијата на знаењето и информациите, и сл.).

Знаењето повеќе не е од типот „знаењето е чиста моќ“ кое го заштитува државата преку утврдени механизми од типот: позиција во општеството, приходи, привилегии, приоритетност, туку самото знаење денес е ставено на пазар, па она што им врши работа на луѓето добива приоритет како поважно знаење. Па така ако Фенг Шуи добие поголема подршка како важно и употребливо знаење, тогаш тоа ќе има поголемо значење од проучувањата на нанотехнологијата.  Примерот е контроверзен кон новиот концепт, но само ја отсликува промената, професорите повеќе не ги прашува што е најважно, туку колективот низ различни процедурални постапки (најчесто потрошувачка, или полемика како друга опција) одредува кое знаење е важно.

Судирот на концептите е навистина епски и разбирлива е нетрпеливоста помеѓу еден доличен експерт каков што е Сем и концептот на блогот да речеме, тоа е како судир на 100 Давидовци е Големиот Голијат: разлика небо и земја. Веб 2 никогаш нема да добие целосно признание од научниците, но јасно е дека признанието на науката не е нешто што пресудно ќе влијае врз судбината на НМ, блогот, паметните толпи, Вики, и сл. Опасностите од веб 2 се бројни, но предностите и шансите ки тој ги носи ги надминуваат оние за кои Сем пишува.

2 коментари на “Засвири уште еднаш Сем, жити мајка”

  1. Baju Bayi

    Wow, amazing blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Засвири уште еднаш Сем, жити мајка | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.