Media & Marketing Blog

Интернетот ги јаде весниците, телевизијата си свирка

Иако кај нас оваа работа е мошне јасна, сепак неколку поенти на релација, Свет-Македонија.

Телевизијата е убедливо најчест и со тоа најзначаен извор за информации и вести кај нас. Трендовите се менуваат динамично, но не верувам дека оваа доминација кај нас е драматично сменета. Последен асален доказ за оваа состојба е истражувањето на Институтот за демократија (Скопје) од 2006 според кое во РМ 79.4 проценти од испитаниците се информираат од ТВ: Анализа на јавното мислење за медиумите во Македонија (download).

Според нешто потазе резултати, овој пат на американско тло, информирањето преку интернет расте, ТВ се уште е најзначаен извор, а на весниците им опаѓаа читаноста:

Fewer Americans are reading newspapers and are instead getting their news online, but television remains the leading source of news in the country, according to a survey released Sunday.

Not surprisingly, younger people tend to get more of their news on the Internet, while older folks use traditional media such as television and newspapers, the Pew Research Center’s biannual survey on news consumption habits said.

 

Постарата генерација читатели се уште колку-толку ги држи на инфузија весниците, но помладите со сосема поинакви навики во однос на собирање информации веќе стануваат побројни и се очекува во догледна иднина да им пресудат на весниците, вака или онака. Интересен е податокот што ТВ изгледа успева да го преживее овој „револуционерен“ процес.

2 коментари на “Интернетот ги јаде весниците, телевизијата си свирка”

  1. sead93

    Добра сторија, веста беше прво објавена во петок (на ТВ 🙂 и имаше некои смешни те-визии типа „ТВ Нада Дрндарова“ :)) смешно.

Коментарите се затворени.