Media & Marketing Blog

Tamara, Tamara koga si noćas…lagala lagala

Видеото во кое храбрата новинарка Тамара Урушаѕе е погодена од снајперски куршум го обиколи светот. Нејзината храброст, под претпоставка дека сево ова што е прикажано е автентично, е за симнување капа, или ако пак не се работи за ирационална реакција во шок.

Како и да е, мене отпрва видеото ми беше „сумњиво“…едноставно нешто не ми се вклопуваше па почнав да копкам по случајов. Дали се работи за автентична снимка од автентичен настан или добро изрежирана сцена во која актерите малку не се снашле? Не тврдам ништо категорично, но неколку детали за размисла:

(1) зошто целиот екипаж по ранувањето на новинарката се однесува како да ја каснал комарец?!? Од пренесени сведоштва, кога си под опасност од снајперски оган, најмалку што правиш е релаксирано да си разгледуваш наоколу, гледаш да спасиш глава по секоја цена. Овде дечките ми изгледаат како нешто да не им е јасно?!?
(2) Ако некој пукал, не знам за што пукал?!? Да застрела некого, или да ги исплаши? Ако сакал да застрела зошто не испукал уште некој куршум, ако сакал да ги исплаши со кој памет заплашуваш некого со снајпер, и тоа по рака?!?!?
(3) Според „visual“-от, раната на Тамара не ќе да е од снајпер…ма гарант…подобар балистичар од мене ќе ви каже дека снјаперскиот куршум има многу поголема пробивна моќ од гребнатинката на раката на новинарката. Таква рана може евентуално да нанесе шрапнел од распрсната експлозивна направа или парченце од самиот куршум но како тоа можело да се случи не ми е јасно (нема експлозија во моментот на повредувањето, не е покажана евентуалната примарна цел каде се забил куршумот и слично…).

12

Рана од снајперски куршум?? Ај донт стинк со…

Сево ова ми мириса на оние класики од ’99 кога Sky и BBC се сликаа крај некои скопски разурнати дивоградби, тврдејќи дека се јавуваат од воените места на Косово. Но, впрочем ќе видиме, времето ќе покаже 🙂

2 коментари на “Tamara, Tamara koga si noćas…lagala lagala”

  1. Baju Bayi

    Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your website is wonderful, as well as the content!. Thanks For Your article about Tamara, Tamara koga si noćas…lagala lagala | К О Ðœ У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.