Турците пак цензурираат, ама не е тоа најважното

Пристапот на интернет корисниците во земјата на страниците на Вордпрес е оневозможен, откако судот во Истанбул нареди сајтот да биде блокиран, откако ја доби тужбата дека многу од блоговите на Вордпрес содржат клевети против писателот Аднан Октар, кој своите книги ги пишува под псевдонимот Харун Јахја. …А1

Не е ништо ново, или нешто што не се очекува, но постот не е за тоа. Постов го пишувам за да ги пофалам А1. Тие на својот сајт под секоја сторија оставаат опција за автоматско пријавување на сторијата на Кајмакот. Бидејќи вестите ги читам преку фид, не знам точно од кога е воведена оваа можност, може да е и многу порано, но во секој случај заслужува да се одбележи и пофали.

Претпоставувам дека зад потегов стои Стеван (редовен читател на овој блог) ако е така честитка за него. И нормално гласајте за оваа сторија на Кајмакот.

Дополнување: додека не ме искареле, да кажам дека и мрт онлајн има ваква опција, и тоа не само за пријавување на Кајмакот туку и на Del.icio.us, Digg, Reddit, NewsVine i YahooMyWeb

(27.09) Дополнување 2: И DW на Македонски има social bookmarks. :)

Technorati Tags: , , , .


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, New Media, Online, Social Media. Bookmark the permalink.

3 коментари на "Турците пак цензурираат, ама не е тоа најважното"

Коментирај!