Media & Marketing Blog

BlogOpen награди


Како што веќе беше најавено ова година BlogOpen доаѓа со многу нови содржини. Една од нив се и наградите. За прв пат оваа година воведени се награди во повеќе категории. Можноста за пријавување е отворена, колку што гледам ограничувања нема, билдање его се важи, така да може и сами да се пријавите :). Еве ги категориите, па размислете и спремете се:

1. Најдобар личен блог
2. Најдобар корпоративен блог
3. Најдобар стручен блог
4. Најдобар блог-портал
5. Бебе-блог (блог креиран во 2011)
6. Највлијателен блог
7. Награда за посебен придонес за промоција на блогот
8. Награда од публика

Судејќи по категориите, една награда е од публика другите логично би било да се од некое жири, ќе побарам официјални инфорамции, штом добијам ќе до дополнам постов.