Media & Marketing Blog

Интернационална ВУНА

За оние кои не можат да разберат на што се однесува насловов треба веднаш да одат на блогот на OFFcharot и да го прочитаа неговиот пост кој носи наслов Back To The Future.
Инаку јас сакам да ја прокоментирам најновата експанзионистичка алатка на Google. Експанзијата на Вуна нема да ви се види толку неостварлива штом ќе се запознаете со активностите на овој пребарувач, ако воопшто е доволен само еден збор за да се опише што всушност претставува Google.
Деновиве Google ја објави алатката Google Desktop 2 која сега овозможува многу повеќе работи за разлика од својот претходник. Следење на најновите вести, време, берзански податоци, RSS, преглед на слики, пребарување низ компјутерот и нормално на интернет. Малку подетално може да прочитате на блогот Panta Rei

“We really want to have people be able to sit back and watch the Web come to them… All this information is available at one glance. You don’t have to manually do anything,”
изјавува Nikhil Bhatla, проект менаџерот на Google Desktop.

Замислете Windows се користи само колку да го стартува комјутерот и оттука натаму се оди преку оваа алатка, која патем е направена од фирма која е конкурент. Интересно.
Патем речено ова е далеку од крајниот дострел на оваa компанија. Само како мамка еве ви еден дел од напис кој зборува за една нова улога на Google.

…For example, you’re surfing in the airport waiting on your flight. The obvious airline deals would begin to pop up, but you will probably also see an ad for the fast food restaurant that’s right across the terminal aisle or specials in the duty-free jewelry store next to the restaurant…
Продолжете на Mediachannel.org

2 коментари на “Интернационална ВУНА”

  1. moonwatcher

    Нема да запрат тука. За оваа недела се најавува (барем така слушнав) пуштање на Google Talk, (Voice over Internet Protocol) алатка слична на Skype, со можности и за IM. Инаку Google има амбиции да навлезе и во телекомуникациите со инвестиции во т.н. „dark fiber“ оптички мрежи. Со еден збор Google = чудовиште. Уште малку мајките ќе ги плашат децата со: „Бидете мирни оти ќе ве купи Гугл“.

  2. Darko156

    Последниот линк во постот се однесува токму на ова ти што го пишуваш. Сум рекол досега неколку пати ама изгледа ќе морам пак. На светов му претстои Гуглизација а не глобализација.
    BTW ептен ме бендисува ова последново со децата, иако не сум сигурен дека гугл се прави по пат на купување :))

Коментарите се затворени.