Skip to content


Сидоровски со златен медал од Пекинг!

Сподели

Беа и поминааа Олимписките игри :) Од една страна, Фелпс, Болт, Кобе и останатите, ги собраа медалите, некои пак не знаеја како да му кажат на судијата дека е „педер“, а нам ни останува само да ја заокружиме сторијата и да ги прогласиме победниците на Коментаторските олимписки игри.

Сите забележани коментари под рубриката „забавно“ можете да ги ѕирнете на „Вики“-то. А првите три носители, според слободен избор на нашето жири (методот не е баш идеален, ама такви се и Оскарите, по слободен избор :), ностителите на медали се следни:

БРОНЗА: Славко Цвитковиќ (ХРТ2, Кина:Шпанија): Еве го повторно Рубиo… Страшно реагира.. Брз е како Кинез.

СРЕБРО: Златко Калински (мтв, 400 метри со пречки, мажи): Ершон Џексон (трча) како да го бркаат ѓаволите!

ЗЛАТО: Александар Сидоровски (МТВ, свечено отворање): Еве уште една земја од Девствените острови, се чини дека денес на стадионот има повеќе земји од таму отколку девици!!!

Related Posts with Thumbnails

Категории: Media, TV.

Тагови: , , .

2 прегледи

3 Коментари

  1. Dok says

    Сè додека спортските настани се покриваат со само еден коментатор ќе има големи лапсузи. Еве Сеад пробај еден ден да станеш во 2.00 (утрински нели, да нема забуна) одбери некој спорт кој ти „лежи” гледај го во живо или пак претходно сними го на некој медиум (ама не го гледај и не знај како ќе заврши) , вклучи го диктафонот и коментирај, па потоа преслушај се.

  2. sead93 says

    Dok во право си :) не е лесно, пишував и во други постови дека имаат ужасни услови за работа. Ние пак некако пак чувствуваме дека имаме право да се забавуваме на нивна сметка, бидејќи хуморот не ни е злонамерен :) Поздрав!

Continuing the Discussion

  1. 2008 година на купче | К О М У Н И К А Ц И И linked to this post on 31 December, 2008

    [...] Македонија, АлфаТВ и Тотал направија нови сајтови – Ги доделивме Македонските Олимписки коментаторски медали – [...]



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.