Дали во Македонија интернетот треба да биде сфатен сериозно?

Изминатиов период политичките партии повторно пополнија некои од своите редовни конференции за медиуми со нивните успеси на социјалните медиуми. Имаше некои реакции и по локалните блогови и на Twitter и Facebook, но интерес имаше и кај медиумите.

Магазинот Глобус, односно новинарот Звездан Георгиевски ме повика на разговор од кој подоцна со поткрепа од неколку други линкови и придонес од колегата Зоран Ричлиев во вторникот беше објавен текст. Страницата на магазинот некое време не се надополнува па затоа еве го текстот во целост.

Globus Facebook Article

Дополнително, вчера, на насловната страница на balkaninsight.com се појави текст на истава тема: Macedonian Politicians “Missing the Point” on Facebook. Во него беа позајмени некои мои изјави но дополнително има ставови и консулатции од уште неколку луѓе.

BalkanInsight.com

Заклучоците се исти. Сме ги повторувале и ние полно пати тука на блогов. Во основа мислам дека незаслужено во МК интернетот се уште не се сфаќа сериозно.

Имам една теорија дека темите за интернет и се врзано околу него во нашите медиуми се викенд и празнични теми. Едноставно е, ако нема некој голем скандал (како оној со докторките) тогаш овие теми доаѓаат на ред само кога политичарите се на викенд, продолжен (празничен) викенд или одмор. Во изминативе неколку години континуирано ми се случува да ми бараат за изјави преку викедн или за празници. Баш затоа си мислам така.

Прашањето е: ЗОШТО е тоа токму така? Дали некому така му одговара да биде, или навистина нема простор и потреба интернетот да биде сфатен сериозно? Зарем не донесуваме одлуки врз осноава на информации и искуства кои ги следиме на интерент? А?


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Local, New Media, Online, Society and tagged , , , , , . Bookmark the permalink.

4 коментари на "Дали во Македонија интернетот треба да биде сфатен сериозно?"

Коментирај!