Media & Marketing Blog

PITCH Perfect: Coca-Cola и Web Summit ги обединуваат силите

Кој не следи последниов период на твитер и фб знае дека сме ептен влезени во филм на стартапи и сл. Неодамна го стартувавме BuzzBase и сега голем дел од енергијата ни оди таму. Пред нешто повеќе од месец влеговме на листата на стартапи кои добиваат пристап во т.н. Alpha дел на Web Summit.

За оние кои можеби не знаат, Web Summit е огромен настан кој се случува во Даблин, Ирска. Организаторите по само неколку годни го преместиле настанот од Лондон во Даблин и за 2-3 години овој настан прерасна во, веројатно, најважниот и секако еден од најголемите настани во Европа кога е во прашање дигиталната економија, се разбира.

immk-at-websummit

Никола Бојков од im.mk на минатогодишниот Web Summit во Даблин

Минатата година на оваа иста Alpha програма во која на стартапи во рана фаза на својот развој им се дава шанса да се презентираат пред посетителите со свој мал штанд учествуваа нашите пријатели и партнери од im.mk. Нивното искуство беше крајно позитивно, Никола не можеше да изнараскаже што сé се случувало тами за време на настанот. Но немам намера во овој пост да пишувам за самиот настан, впрочем организаторите ептен јако се промовираат насекаде веќе добри 3-4 месеци па и не е тешко да се најдат деталите. Почнувајќи од учесниците, па посетителите и се до можностите за активно присуство.

Она за што ми требаше волкав вовед е информацијата која денес пристигна од Даблин: Coca-Cola се вклучува активно во делот со стартапите на овој голем настан.

A new brand, lots of happy Coca-Cola bottles and even more eager startups, it’s been good news on all fronts for PITCH at Web Summit this week. Where better to start then a new partnership with one of the world’s most iconic companies, Coca-Cola.

И покрај тоа што за победниците најавија кеш награди сепак она што повеќе вреди е можноста да се отпатува во седиштето на Coca-Cola во Атланта и да се научи нешто од директорите за стратегија и развој и секако од таму ќе се обидат тие да им овозможат дополнителни ресурси за глобален продор на овие млади компании.

coca-cola_websummit

Секако интересно е да се проследи што за ова партнерство има да каже Guy Wollaert, CTO и CIO во Coca-Cola? “Светот околу нас се менува, токму зато и ние мора да се менуваме со него за да продолжиме да напредуваме како компанија. Веќе сме активни во глобалната стартап заедница преку бројни бизнис платформи но секогаш бараме нови начини да ги помесутуваме границите и да останеме понапред со иновациите.

Ако саката да си ја пробата среќата и уште поважно покажете знаењето и вашата бизнис идеја:
Apply for PITCH here>>

Овој текст е дел од акцијата на Coca-Cola System – Bloggers Network