Media & Marketing Blog

Македонски Technorati

Благодарение на Panta Rei дознав дека во интернет просторов има македонска страница која индексира страници и ги рангира со систем сличен на оној на светски познатиот Technorati. Тоа е веб-страницата Златно. Одлична нова веб содржина, односно веб алатка која третира македонски страници. Отсекогаш сум ја поддржувал тезата дека Македонија ќе има повеќе интернет корисници кога ќе има и побогати интернет содржини. Оваа страинца можеби директно нема да влијае за збогатување на содржините но кога постои некаква листа, сите се обидуваат да се искачат погоре, а како на друг начин (чесно) би го направиле тоа ако не со поквалитетни понови и повеќе содржини. Патем Златно. индексира и блогови, за жал само на .blogspot, но кога ќе се земе предвид дека најголемиот дел се тука, ова и не е така страшно. Страницата е едноставна за употреба, па затоа нема да ставам директни линкови до разните содржини, во секој случај доколку сакате нив може да ги најдете на постот на Panta Rei.
Огромна пофалба за момците од Златно, иако на нивната страница не можев да откријам кој стои зад овој проект.

5 коментари на “Македонски Technorati”

  1. Anonymous

    Isprati im ja idejata na forumot, dobra e.

  2. Darko156

    ^^Извини ама јас сум малку збунет?!?
    Која идеја, конкретно бидејќи не сум сигурен на што мислиш, а богами и не знам кој си 🙂

  3. Zoran

    Pa kolku idei dade vo napishanoto? :)))
    Idejata za da gi rangiraat i drugite blogovi namesto samo ovie ovde na blogspot.

  4. Darko156

    OK
    Држи, само мислам дека во прашање е техничка причина зошто тоа не е така, сепак останува да се надеваме дека сервисот златно ќе се надоградува.

Коментарите се затворени.