Македонски Technorati

Благодарение на Panta Rei дознав дека во интернет просторов има македонска страница која индексира страници и ги рангира со систем сличен на оној на светски познатиот Technorati. Тоа е веб-страницата Златно. Одлична нова веб содржина, односно веб алатка која третира македонски страници. Отсекогаш сум ја поддржувал тезата дека Македонија ќе има повеќе интернет корисници кога ќе има и побогати интернет содржини. Оваа страинца можеби директно нема да влијае за збогатување на содржините но кога постои некаква листа, сите се обидуваат да се искачат погоре, а како на друг начин (чесно) би го направиле тоа ако не со поквалитетни понови и повеќе содржини. Патем Златно. индексира и блогови, за жал само на .blogspot, но кога ќе се земе предвид дека најголемиот дел се тука, ова и не е така страшно. Страницата е едноставна за употреба, па затоа нема да ставам директни линкови до разните содржини, во секој случај доколку сакате нив може да ги најдете на постот на Panta Rei.
Огромна пофалба за момците од Златно, иако на нивната страница не можев да откријам кој стои зад овој проект.

Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

5 коментари на "Македонски Technorati"

Коментирај!