Почетокот на крајот на телевизијата

Во мода е да се линкуваат што е можно повеќе македонски блогови за да расте рејтингот. Токму затоа овој пост ќе го започнам вака:
На блогот Канализација најдов линк до една интересна страница што се вика NetNovinar. А таму еден интересен текст кој зборува за умирањето на телевизијата. Логиката вика вака: Блоговите ги убиваат весниците, подкастингот го убива радиото, но засега сеште се нема најдено алтернативна замена за телевизијата. Но Milverton Wallace не мисли така, тој во текстот Mediji u sopstvenoj proizvodnji – građanski i za građane? ја анализира ситуацијата од која наскоро и телевизиските станици ќе бидат загрозен вид. Се на се солиден текст, мене ми се допадна повеќе првиот дел, од проста причина – вториот е повеќе посветен на техничките карактеристики на програмите кои третираат видео презентации.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Media. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Почетокот на крајот на телевизијата"

Коментирај!