Media & Marketing Blog

Пишман аџија

Не поминаа ни два месеци откако San Jose Mercury News ја променија својата концепција на весникот. Подетално за нивниот (неуспешниот) концепт беше образложено во еден претходен пост (линк).

По реакцијата од читателите редакцјата била приморана да ја напушти оваа своја ”луда” визија. Тие не се враќаат комплетно на старата шема но сепак се враќаат еден чекор наназад, а можеби ова што сега го прават како комбинација од двата модела е нешто поблиску до моделот кој ќе биде прифатен од читателите. Тоа останува да видиме

Во тоа време одлуката да се елиминираат стандардните рубрики во весникот се чинеше како радикален експеримент кој предизвика различни анализи и предвидувања, но сето тоа траеше помалку од два месеци.

Најголемиот проблем кој го предизвикувал овој модел било скратувањето на задоволството на делење на весникот меѓу двајца читатели (линк) (треба да се регистрирате, брзо е и не гњави).