Media & Marketing Blog

Бизнис блогови

Со какви работни задачи би сакале да се судрите на следното ваше работно место?

Како ви звучи Блог менаџер?
Знам дека малку претерувам ама еве еден линк на кој детално се опишани работните задачи за една ваква професија. (линк)

Е сега да ја вратиме приказната на почеток. За да постои ваква професија треба да има бизнис блогови или професионални блогови, зборувам за во Македонија. Не дека не е можно, но замислете си колку ли зборување и објаснување ќе треба да утепате за да му објасните на некој претприемач или менаџер. Во секој случај опцијата е можна, можеби не сега, можеби откако блоговите ќе си фатат солидно место во нашето општество, а до тогаш еве една публикација која може да НЕ поучи како да управуваме со бизнис блог (линк) (pdf)

2 коментари на “Бизнис блогови”

  1. GoodBytes

    Ако некој сака веднаш да си ја испроба силата како блог менаџер, EarthLink бара професионален блогер кој ќе се приклучи на нивниот тим и ќе го менаџира нивниот блог, EarthLink ProtectionBlog.

    Линк до написот: Lockergnome.

  2. Sead

    Мислам дека ќе притреба уште нешто време да може да се размислува за локална реализација на ова новина, но сигурно при развиена блогерска мрежа некој ќе види комерцијални потенцијали за да почне со таков потфат. Интересно, во секој случај.

Коментарите се затворени.