Машки интернет – женски интернет

Овие денови беше објавен извештајот од истражувањето на тимот од „Гламорган универзитетот“ (линк тука) според кој визуелните причини и дизајнот на веб-страниците кои го побудуваат вниманието на мажите и жените се особено различни. Ова секако претставува нов вид проблем (или предизвик?) за веб-дизајнерите и интернет аналитичарите кои би требало да ја пронајдат поврзаноста на дизајнот на сајтовите со времето поминато на нив, сето тоа гледано од полов аспект. Дефинирањето на целната група и дизајнирањето на веб-страницата на овој начин би станале уште повеќе заемно зависни, посебно за оние производители со услуги претежно за еден од половите. Веста е интересна можеби најмногу заради тоа што наемодавците веројатно во иднина ќе бидат се повеќе заинтересирани за ангажирање на жени веб-дизајнери.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

Коментирај!