Media & Marketing Blog

Расте времето а паѓаат средствата потрошени на комуницирање

Насловот се однесува на Велика Британија, која иако споредбено со нас е прилично различен случај, сепак е корисна за приопштување, за да ние, а и нашите комуникациски опслужувачи, увидат каде и како се движат трендовите. Заклучокот на оваа анализа е дека нешто околу 7 часа дневно, Британецот „троши“ на некоја комуникациска технологија (сметач, мобилен, ТВ, радио, и сл.) по цена нешто под 100 фунти, што е (1) раст за времето, (2) пад за цената:

Every day in 2007, the average consumer spent 7 hours and 9 minutes watching TV, on the phone, using the internet or using other services, it says. Since 2002, mobile use has doubled and PC and laptop use has grown fourfold, says the watchdog’s annual review.But the average UK household spend on communications in 2007 was £93.63 a month – a fall of £1.53 on 2006.

Евидентно е дека она што ја крепи експанзијата на овие услуги на западните пазари, покрај квалитетните услуги, е и тенденцијата за опаѓање на трошоците за истите (детали во линкот). Понудените услуги им се достапни, за нивниот стандард, 100 фунти по семејство не им е преголемо расфрлање, напротив (кога цените во Европа се споредуваат со нашите, компаниите овде, а и надлежните, редовно забораваат да ја споменат драстичната разлика во стандардите, па така 25 евра за интернет во Швајцарија и Македонија не е исто, кога ќе се споредат просечните приходи и колкав процент од домашниот буџет де факто е тоа).

Потем, услугите се на основа „се за пристојна цена“, нема „пакети“ од типот ваква брзина, онолку гигабајти, во тој дел од денот толку за смс и импулс и слично. Потрошувачите добиваат фер и едноставни договори, без премногу „дриблинзи“ во финесите на тарифите и пакетите. На повидок е и укинувањето на роамингот за мобилна телефонија. Замислете да плаќате за ТВ колку што гледате, и сега некој да ви мери колку ТВ гледате, тоа секако ја инхибира експанзијата на користењето на услугата, и „о-природнувањето“ на нејзиното користење (само нека не одговараат, провајдерите да речеме, дека не можат да покријат неколку десетини илјади корисници за флет интернет, тоа е смешно, па што би рекле провајдери во градови со милионски број корисници или држави со десетици милиони корисници?!?).

За жал кај нас конкуренцијата е, не секундарна, туку можеби и побутур категорија, која го турка пзарот кон прогрес, во полза на корисникот. Попримарни се ситните игри со бројки и профити, а се губи крупната слика (лесна достапност и фер услуги и цени) што редовно се покажува во компарирањето на државата со земјите од Европа и регионот. Се додека профитите на ваквите компании кај нас растат годишно за „неприродни“ десетици милиони евра секоја година редум, не можеме да говориме за развој на комуникациските технологии кај нас, туку за „чиста експлоатација на корисниците“ преку тесно-профитска употреба на модерната технологија, која би требало, на крајот на краиштата да биде општочовечко добро, а не некаква музалка.

3 коментари на “Расте времето а паѓаат средствата потрошени на комуницирање”

  1. Dok

    Сеад, си се запрашал ли колку чини технологијата за тие услуги споредено со пазарот? Прост пример – имаш 2 компјутера и интернет сакаш двата да бидат поврзани на интернет, што правиш? Купуваш рутер, така? Арно ама пустиот има 8 слота. Занчи си се „испружил” исто како оној на кој навистина му требаат сите 8, башка што разликата од рутер со 8 слота до рутер со 16 на пример не е двојно. Друга работа, истата опрема чини исто и за Он.нет. Македонски телеком, ВИП… како и за Orange, баш ги боли производителите дали ти купуваш опрема каде што платите се 1 долар или 100 000 долари.

    Не дека ги оправдувам нашите провајдери на услуги, само да потсетам.

  2. sead93

    Поента на место, но има ушпте една димензија, нашите провајдери ги купија германска и словенечка фирма и не би требало да биде проблем во своите макро-планови и буџети да вклопат и микро-план за МК, онака со сите салтанати како треба. Не сум упатен, но еве од гледна точка на корисник, треба многу подобра услуга, и нешто пониски цени, не драстично, во склад со стандардот на земјата. Но тоа тешко ќе се случи, од горната причина (странски инвеститор, кој истите услуги нема да ги продава по различни цени. Но, ете барем да имаме квалитетен интернет, флет, без дриблинзи во договорот, како и во Германија. Еве, ѕирни, новиот пакет на T-Home оди вака „неограничени разговори со странство за 10 земји, па ги реди кои се. Па во фуснота ти става, после 10 часа разговор тисе наплатува по редовна цена?!? За тоа зборам, не сметаат за морони, ајде нека продадат таков пакет во Австрија или Германија, со таков третман на корисникот. Фала ти за добрите коментари, и за муабетот.

  3. Baju Bayi

    Wow, superb blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is magnificent, let alone the content!. Thanks For Your article about Расте времето а паѓаат средствата потрошени на комуницирање | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.