Media & Marketing Blog

И официјално: борба не постои

Washingtonpost.com has partnered with blog search company Technorati to add links in news stories to what blogs are saying about the articles.

Stories include links to a few of the most recent blog postings, plus a link to a full page of blog postings

Бидејќи е потребна регистрација еве еден директен линк до оваа нова содржина (линк)

Блоговите нема да ги заменат меинстрим медиумите. Напротив, тие ги надополнуваат, ги поддржуваат и се инфилтрираат во нив. Институтот за технологија од Масачусетс во својот журнал Технолоџи Ревју (Technology Review) ја поставува ситуацијата во друга рамка. Вели: “Објавувањето на одредени теми ќе ги стави истите на националната агенда и ќе ги дефинира главните вредности; блогерите ќе ги стават тие теми во други рамки за секоја публика одделно и ќе се погрижат сите да добијат шанса да бидат слушнати. Место да им бидат ривали на традиционалните медиуми, блоговите ги надополнуваат. Тие никогаш нема да го заменат конвенционалното новинарство, бидејќи тие се во основа различни. За разлика од другите медиуми блоговите профитираат од достапноста и моментната реакција – но токму овие квалитети се воедно и најголемите непријатели на овој канал (линк)

Со овој пасос најавувам наскоро официјално објавување на мојот труд за блогови во списанието Културен Живот, што би тербало да излезе на средината на септември. Се разбира веднаш потоа и pdf на блог :))