Media & Marketing Blog

Google Chrome – промоција во 2 чекори

Неверојатно, Google повторно докажуват дека се мајстори и дека го владеат светот на новите медиуми. Пред неколку часа по интернетов се рашири веста дека појавувањето на интернет прелистувач направен од Google не е веќе гласина туку реалност.

Дел од поважните блогови/сајтои т.е. некои од нивните автори (по грешка) добиле по пошта стрип во кој се опишани карактеристиките на овој нов прелистувач. И нормално сите тие потрчале да скенираат и да стават верзија од вредната информација на интернет, за после неколку часа Google на својот официјален блог да се појави со приказната дека непланирано еден ден порано им биле испорачани пратките и дека прелистувачот ќе може да се симне веќе утре во повеќе од 100 земји.

Секако не треба воопшто да се појаснува дека стрипот е веќе во официјална верзија на Google Books и дека веќе огромен дел од интернет корисниците со нетрпение го очекуваат Google Chrome.

Детали за неговите карактериситки има на многу места, а најмногу, се разбира во стрипот. Еве две фини претставувања:Google to Offer its Own Browser: Chrome – ReadWriteWeb
Google Chrome, Google’s Browser Project – Google Blogscoped

Да бидам искен, не следам фанатично се што Google прави, и не ги користам баш сите негови сервиси. Оваа за прелистувачов ја дочекав неспремен и не верувам дека наскоро ќе се префрлам.

А ти? Кој ти е планот? Дали безрезервно би се одлучил/а за промена или ќе чекаш да помине некое време?

8 коментари на “Google Chrome – промоција во 2 чекори”

  1. Jovan

    Не верувам дека би бил сериозен противник на фајрфокс. Барем не во следниве 1-2 години.

    Но она што го гледам – многу е добар за веб апликации. Многу интересни идеи. Така да сигурно ќе си најде одма примена.

    Едино што ме буни е – да не е ова браузер за мобилен?

  2. Darko Buldioski

    Колку што разбрав јас, не е за мобилни иако некои од карактеристики биле слични како на сафари за iPhone, веројатно ќе може да се очекува некоја верзија и за мобилни.

  3. Jeton

    Најмногу што ме изненади беше идејата табовите да ги стават он топ.

    Супер идеја.

    UI им е супер, типично Google.

    Се надевам да успее, гледајки дека IE6 сега има 25% share 🙁

    Некаде во тоа comic пишуваше некаква интеграција со Android, но не знам каква.

    И плус, сега во статистика имаш уште еден user agent: Chrome. 😀

  4. Miladin

    Искрено кажано, ми се смачи од овој hype околу новиот прелистувач. Што новитет носи? ЈВ во виртуелна машина и посебни процеси во секој таб (нешто слично на таск менаџер за табови).

    Next please…

  5. Darko Buldioski

    Јас сум Apple корисник и немав шанси вчера да го пробам. Веројатно во теков над енов ќе седнам на PC за да видам шо е и како е.

    Од преносите во живо на некои пријатели кои вчера го инсталираа добив информации дека зафаќал меморија дупло помалку од FIrefox, дека изгледал чисто бело и визуелно го зголемувал екранот, дека менаџирањето со обележувачите не било сјајно и сл.

    Hype-от навистина беше невиден, а веројатно и ќе биде уште некое време, ама ако Google решиле да го симнат од толку високоит трон IE тогаш секако вреди да се посвети внимание.

    Ако ништо друго, нека се движат работите во заменана монополите 🙂

  6. sead93

    Јас го инсталирав Гуглхром :), и на прв впечаток делува ок, но не би можел, барем вака од еден ден суфрање да кажам дека е нешто револуционерен. Сосема е ок, но за повеќе ќе видиме. Изгледа сите имаме високи оќекувања од Гугл 🙂 За брзината, гледам дека таа се спомнува, не е забележливо побрз, како и Фајрфокс е, тоа е. Дури со некои страници, посебно домашни, има проблеми. Букмарзите можат да се импортираат, но ги фрла во некој фолдер за кој да го отвориш треба 3 пати да кликнеш, па најкористените букмарзи морав еден по еден да ги прфрлам во примарнио фолдер. Има таскбар за букмаркзи, но тој е ограничен во просторна смисла, па не знам како тоа функционира, чудно ми е. Се гчеда модус операнди на Гугл (едноставноста), но негде и не е баш така, на пример ако отвориш нов фолдер во менијата, не можеш да го бришеш?!? Ова се главно критики, веројатно добрите страни допрва ќе ги осознаваме, ама во реална смисла, веднаш да се префрлиш од Фајрфокс на Гуглхром тешко, ќе треба уште да го развиваат. Башка customize опциите на Мозилата се ептен напреднати, кој е навлечен на нив, нема ни да помисли да и раскине на Мозила.

  7. Јован

    Го пробав, убав е… не е нешто посебно и нема (барем за мене) некои револуционерни новини…

    И во нецелите 2 часа користење се соочив со многу проблеми (ми пукна филмот кога не можев да ставам слика во постот баш за него) па како и што напишав тука – http://zsdane.com.mk/index.php?option=com_content
    ќе почекам официјална верзија па ќе му дадам втора шанса…

Коментарите се затворени.