Media & Marketing Blog

The Real News Network – проширување на рамката

Веќе најавив дека спремам испит медиуми и политика, и колку и да не ја сакам политиката кога е доведена во ваква корелација е извонредно интересна тема.

На оваа тема едно е повеќе од јасно, воопшто и не мора да се истакнува, се знае дека медиумите се активни учесници во дефинирањето на политичката реалност. Низ процесот на прибирање селектирање и пакување на вести се овозможува готова артикулација на она што во политичкиот живот во одреден момент е навистина важно.

Настаните од политичкиот живот се вметнуваат во т.н. наративни рамки кои овозможуваат тие да бидат пренесени како вести. Тие рамки, секако, не доаѓаат комплетно обликувани од новинарите туку се развиваат во подолг временски период на интеракција и натпреварување на различни медиуми и други актери кои може да бидат дел од приказните или да бидат на ниво на извори. Со тек на време конкурентските рамки се стеснуваат се додека не остане едена доминантна рамка. Иако оваа доминантна рамка не е дефинирана за секогаш, таа повторно е мета на оспорувања и ревизии, сепак откако ќе се воспостави, овозможува структура во која на настаните кои следат им доделува вредност на вести, известува за нив и има дава смисла.

Излегувањето од доминантната рамка, не им е од интерес на многу актери во двоецот политика/медиуми. Најчесто, се што е надвор од тоа не newsworthy или се третира како екстрем. Мите имаше на својот блог една ваква тема за демонстрациите во Денвер кои не влегле во мејнстрим медиумите.

The Real News Network

We won’t blindly follow wire services or official press releases that attempt to set the news agenda. We will cover the big stories of the day, but we will broaden the definition of what’s important. …About The Real News

Секако, медиумски поразвиениот свет, овде не мислам само по бројот на медиумите бидејќи ако е така и ние сме развиени, туку онаму каде публиката, продукција и новинарството се поразвиени се појавуваат и медиуми кои се обидуваат да ги прошират овие доминантни рамки. ТRNN е некомерцијална мрежа која произведува видео вести и документарни прилози на голем број на теми ширум светот.

Предводена од канаѓанецот Paul Jay, искусен новинар, оваа мрежа одлучила да го отфрли моделот за заработка преку реклами и целосно зависи од своите гледачи, односно својата публика.

Ги најдов преку нивниот канал на  YouTube, каде има повеќе од 760 видеа, но веднаш потоа отидов на нивниот сајт каде многу позитивно без изненаден од структурата, изгледот, можностите и дополнителните информации кои ги има секоја видео сторија (некои имаат и цел транскрипт). И секако имаат социјални компоненти еден куп.

Го пратив Сеад да провери дали ова што го зборуваат, за различниот, неутрален, начин на покривање на настаните и темите е вистина, бидејќи тој повеќе ги следи настаните како на пример овој со Грузија-Русија. Неговиот коментар на чет беше:

многу се добри, гледам нешто за Грузија, ептен е квалитетно покриено. Одма ги детектира тие што ги навлекле Грузија на операција во Осетија. Ваков клип не може да се вдии на мејнстим медиумите, таму (америка) има вакви информации по весници ама на големите телевизии не излегуваат.

Иако улогата на медиумите е да бидат критичари на актуелните политички гледишта и опции, оваа мрежа не ја користи оваа точка како појдовна, туку се обидува да биде она што во идеалот сите медиуми тврдат дека се: објективни.

Верувам дека и на тој начин се врши соодветно влијание и се игра соодветна улога во дневното креирање на политиката, но како што рече Paul Jay, можеби за 25 години тие ќе ја поставуваат рамката, ова проширената. Дотогаш, еве ти уште еден поквалитетен извор на вести од светот како место за бегање од локалново мочурливо блато.

3 коментари на “The Real News Network – проширување на рамката”

  1. SOLZA

    Вакви случаи се поразвиени кај печатените медиуми и на интернет. Morning Star е типичен случај за весник којшто е финансиран единствено од своите читатели или од порадикалните лабуристички совети во Англија. Исто така, до пред неколку дена траеше акцијата на париски Humanite за собирање на финансиски средства за помош во издавањето на весникот од страна на читателите.

  2. Darko Buldioski

    Причината за таквиот равој на весниците лежи во нивниот историски развој и самата појава. И сам знаеш дека таа се разликува од онаа на телевизиите и на радиото.

    Бидејќи не сум љубител на ТВ мене ми одговара весниците да бидат носители на овие движења 🙂

  3. SOLZA

    Да, да па токму поради тоа. Доаѓањето на ножот до грло ги стимулираше овие медиуми да пронајдат алтернативен начин на финансирање. Требаше време за тоа да се случи и кај радиото и посебно кај телевизијата. Прегледав дел од прилозите на оваа програма и со право може да се наречат поинери. Се надевам дека ќе се изроди нешто и на светски рамки, иако според мое мислење ваквите медиуми можат сега за сега да опстанат само во развиените земји каде што граѓаните имаат средства да донираат за медиуми кои нема да им го перат мозокот.

Коментарите се затворени.