Media & Marketing Blog

Печатени реклами

Дали се на повидок нови ”револуционерни” промени во биснисот со весниците? Можеби револуционерни е претерано но сепак две одделни приказни ме натераа малку да размислувам на оваа тема.

Германскиот дневен весник Die Welt, а со него и неколку други помали весници во сопственост на истата издавачка куќа, својата насловна страница ја пополниле со реклама. Всушност тао и не била реклама само од една страна туку од две, па така весникот со совоите содржини започнувал на третата страна. Авторите на editirsweblog дека досега оваа практика ја имале само бесплатните весници но не и останатите. Ваквиот потег на издавачите се должи на константниот пад на бројот на рекламите во печатените медиуми. Па во овој начин, кој сепак не нов, (berliner zeitung) издавачите гледаат шанса за зголемување на приодот од реклами кој во европа е доминантниот извор на средства за весниците.

Од другата страна на барата, повторно секоја нова приказна започнува со кој друг ако не Google. Дали сите работи што ги прави оваа корпорација се долго однапред испланирани или се краткорочни идеи кои веднаш се тестираат во праксата, не би можел да потврди никој, но Google повторно изненади со еден многу едноставен потег. Тие откупиле одреден број страи во засега два американски магазини (Maximum PC и PC Magazine) и започнале тој простор да им го продаваат на клиентите кои се дел од нивниот онлајн систем.

Засега ова е само експеримент проценуваат експертите (New York Times) но доколоку Google продолжи со ова практика, тогаш на весниците им претстои огромна промена.
At the moment Google doesn’t sell advertising when it links with a newspaper article. But if Google starts to build partnerships with newspaper companies, it could be the beginning of a new stage in relationships. (editorsweblog)

Мене искрено ме интертесира како би изгледала насловната страна на (еве нека биде) Ентер прекриена со реклама на мастиките FirstDuo :))

5 коментари на “Печатени реклами”

  1. Sead

    Google повторно се први во некој нов вид на потфат, ќе видиме дали ќе го прошираат закупувањето – па препородавањето на рекламен простор. Како и да моето искуство при купување на странски списанија (wired, PC и баскет списанија) е дека рекламите се претрано присутни, до тој степен што витсинските текстови ги има помалку од рекламите. Како и да е, мислм дека кај нас, локално, не постои опасност од таков сооднос.

  2. GoodBytes

    Sead: "мислм дека кај нас, локално, не постои опасност од таков сооднос."

    Има луѓе кои мислат поинаку: линк. Еве го и мојот одговор на мислењето, да нема недоразбирања: линк. 🙂

  3. Sead

    ref: GoodBytes said…"Има луѓе кои мислат поинаку"…

    Фала за линкот, иако цифрата е 30% реклами (проценета), сепак мислам дека читателот малку издраматизирал. Мојата проценка и полу-заклучок е дека економскиот наплив врз специјализираните списанија (рефлектиран врз бројот на страници) во наши економски ралности не може да добие толкави размери како во САД, Британија и Германија на пр. Рекламирањето за некои сфери (пр. компјутери), ќе расте заради динамичноста на таа сфера, но за некои пак опаѓа (на пр. неколку спортски списанија згаснаа заради немање спонозорства).

  4. Perlengkapan bayi

    Wow, wonderful blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Печатени реклами | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.