Media & Marketing Blog

ТВ рекламите носат најмногу пребарувања на Интернет

Читајќи го постот на Paul Bradshaw со десет начини како вработение во маркетинг одделите на весниците можат да ги спасат истите наидов на еден податок кој навистина ме изненади.

…study revealed that two-thirds (67%) of search engine users are driven to search by an offline channel, and that 39% of those offline-influenced search users ultimately make a purchase from the company that prompted their initial search. Moreover, it also shows television advertising to be the leading offline channel that drives users to search (37%).

Не знам зошто толку многу ме фати неспремен овој податок кога јас и мојата блиска околина сме жив пример за таа навика. А дополниелно фактот дека најчесто кога гледа човек ТВ блиску до него има комјутер ги поткрепува овие 37%.

Од лично искуство знам дека кога ќе видам некоја рекалама или некој сајт на билборд, на кола, автобус или во кола и во автобус (рекалма на радио де) општо, некаде каде во принцип нема компјутери 🙂 многу ретко ми текнува потоа да го барам на нет иако кога ја гледам тоа си го помислувам.

Истражувањето е објавено на MediaPost (Search Marketers Fail To Integrate With Offline Channels), а за да се погледне потребана е бесплатна регистрација. Вреди, извештајот комбинира неколку истражувања направениод iProspect.

.насловов звучи малку грдо, акоми текне друг ќе го сменам, ако имаш предлог остави во коментар