Заглавени во времето

Не знам колку ви се познати содржините наменети за другите етнички заедници кои преку јавниот сервис се емитуваат во земјава. Бездруго, оној кој видел се уверил дека она што преку тие програми оди во етер е навистина под секакво ниво. Колаж од скрпени вести и народни ора, и од време на време следат некакви импровизирани интервјуа. И тоа секој ден, на неколку јазика. Навистина колку ниско може да падне јавниот сервис? Не верувам дека некој има потреба да гледа такви содржини, особено не денес кога ни се достапни програми и канали кои живеат и работат во своето време, а не нашите редакции кои како да се заглавени некаде во седумдесеттите години од претходниот век и милениум. Состојбата со приватните телевизии кои примарно целат кон дефинирани „етно-гледачи“ е лоша на свој начин, без своја програма (вестите кои ги читаат се главно од МИА), без програмска шема, без кадар. Можеби некој ќе го разбере ова како уште една епизода од локалното мантрање и критизерство на сопствена сметка, но идејата ми беше тоа дека кога некој ќе помисли дека јавниот сервис е лош и за никаде, нека помисли на сега вториот канал, које е убедливо „дно на дното“.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Заглавени во времето"

Коментирај!