Media & Marketing Blog

#1 Преглед во петок

Решивме (ние во @NewMediaMK) на почетоков на месецов дека конечно ќе реализираме една постара идеја. Решивме да го вратиме блогов назад во живот и да му испланираме две редовни содржини кои ќе имаат задача да не вратат во ритам. Едната е повторно враќање на видео изданието на #комкаст ама за тоа ќе ни треба уште некоја недела, а другата свечено ја отвораме сега: преглед во петок.

Планот е секој петок да правиме краток преглед на актуелни работи од претходниот период, да споделиме линкови и да пишеме по една-две реченици за секој од нив. Така ќе продолжиме да споделуваме она што нам ни е неопходно како знаење за успешна работа и секако ќе има по некој „потежок” линк од теорија за оние кои го следат развојот на медумите. Темите кои ќе ги покриваме ќе се движат во опсег од социјални медиуми, перформанс маркетинг, SEO и SEM, UX, дизајн, сервиси и апликации и секако како што веќе пишав медиуми.

Доста е најави… еве го првиот преглед.

  1. Типови на Google пребарувачи. Немаме сите иста намера кога тргнуваме да пребаруваме нешто. Некој бара нешто да купи, некој да се информира, некој да прочита што купил. Андраж од словенечкиот Red Orbit дефинира 12 types of Google Search users и тоа поделени по две димензии : бихевиорално однесување и запознаеност со брендот. За да знаете на кој корисник како треба да му се обратиме мора и да знаеме со која намера доаѓаат, нели?
  2. eCommerce KPIs. Како да знаеме дали резултатите кои сме ги постигнале се добри или не баш толку добри? Секако најрелевантно е да си ги измериме постигнатите цели, но за да знаеме дали имаме уште простор да се подобруваме или сме веќе далеку над просекот мора да имаме некои почетни одредници. Оваа листа на MOZ може да помогне, барем во еден сегмент: The E-Commerce Benchmark KPI Study 2017: 15 Essential Takeaways
  3. WeTransfer алтернатива. Пред некој ден Firefox, да оној прелистувачот (браузерот) порано што го користевме објавија нов бета сервис за споделување на фајлови. send.firefox.com има ограничување од 1GB ама предноста е дека нуди енкриптирана заштита и истекување на линкот по неговото кликнување. Вреди да се проба.
  4. Како Facebook не изучува. Колку пати сте си помислиле: е не е можно Facebook да ме слушал што зборувам (не на телефон, туку со колеги/пријатели) на македонски и врз основа на тоа да ти прикаже релевантна реклама подоцна? За сите кои се воодушевуваат, запрепастуваат или чудат како Facebook учи од нашите активности, сега постои додаток за Chrome – Data Selfie (via TNW), кој го открива начинот на кој Facebook го прави тоа. Ако си спремен да се само-анализираш инсталирај на сопствена одговорност и ризик.
  5. The Digital Revolution: Debating the Promise and Perils of the Internet, Automation, and Algorithmic Lives in the Last Years of the Obama Administration – Прилично досадно име за феноменална колекција на академски написи кои третираат супер интересни теми од областа на дигиталните медиуми и развојот на општествените процеси.  Задолжително кликај!
  6. UTM параметри. Некако послабо со вести, повеќе со корисни ресурси првиов преглед, па за да заокружиме на таа тема еве и еден супер текст кој во детали помага ако заглавите со неизбежните UTM параметри – UTM Parameters: 30 Frequently Asked Questions Now Answered

Бонус (промо) линк: Brainster курс – Social media за бизнис

Прати ни некој корисен линк во порака на FB ако мислиш дека треба да се најде на овие листи и да му биде од корист на некој друг.

Се читаме, отсега поредовно.

Leave a Reply

Твојата email адреса нема да биде објавена.