Media & Marketing Blog

Новинарите и бројките

abakusКога сум во ситуација да треба да “продадам” некоја информација на новинари, ужасно се нервирам кога треба да “измислам” некоја бројка за да им се бендиса приказната. Ама што да правам, морам. Веројатно и јас како читател придонесувам за тоа, веројатно и јас кога читам барам да прочитам некоја бројка. Понекогаш убаво е да имаш бројка, ама понекогаш на приказната навистина и не и треба бројка, ама тоа нема да го препознаат новинарите.

Како и да е, бројките се важни, а новинарите, по логиката дека многу ги сакаат, би требало да царуваат со истите. Но дали е така? Професорот по новинарство, и блогер – Roy Greenslade во колумната на Siobhain Butterworth – Open door мотивиран од 80-те корекции на бројки кои ги направил Guardiаn последниве 6 месеци вели:

My experience suggests that most journalists became journalists because they were ‘good at English and bad at maths’, so there is an overall bias against mathematical understanding

Како и да е, класичните грешки не се едниствениот проблем со бројките. Нели луѓе сме, грешки правиме. Но се чини поважно е да се посвети повеќе внимание како се употребуваат бројки:

Numerate readers complain when we don’t present numbers in a meaningful way. Some do not like the way journalists use “times less than” when a fraction or percentage would be clearer. They argue that journalists should not say “100 times less than” when they mean one hundredth or 1%.

Putting the numbers into context is also important. A reader objected to an article that said: “the number of young people dying from alcoholic liver disease has increased eight-fold in the past 10 years”. “Eight-fold in terms of what?” he asked

Не се потрудив да најдам некои вакви локални примери, едноставно не сум внимавал до сега на тоа, но сепак е тема на која треба да се посвети внимание не за друго, туку за да можат читателите да разберат.

Ако налеташ на некој локален пример, стави го во коментар.

Technorati Tags: , , , , , .

2 коментари на “Новинарите и бројките”

  1. dasaf

    се сеќавате на љубомир нба, во една прилика слушнав нешто феноменално од него: Брајант има 21 поен до сега, а Ајверсон 40, тоа е малку повеќе од двојно помалку.

    не дека сум некој врвен математичар, ама сметам дека си треба прилично познавање и логика, за да си играш со такви податоци. а тоа не им е предизвик на нашите објавувачи, изгледа!?

Коментарите се затворени.