Media & Marketing Blog

Лотус Ф1 – и кога боли треба да се комуницира…

Благодарение на @PRoom_blog денес слатко се изнасмеав а уште повеќе се воодушевв на потегот на Lotus F1 тимот на Facebook.

Тие се во тага, им замина возачот во кој (ми кажа @PRoom_blog) вложувале многу, пред се во поглед на маркетинг и ПР комуникацијата. Кими Раиконен оди во Ферари. Многумина разочарани, особено тимот на Lotus F1. Но наместо да ќутат и да „плачат” тие си направија шега на своја сметка.

Шега која навистина бара храброст за да се објави пред целата јавност. Но, таа нивна храброст, таа нивна отвореност им донесе голем број позитивни коментари и многу нови лојални фанови. Погледнете ги коментарите. Од кризна ситуација често може да се извлече позитивен ефект но треба да се биде транспарентен, тоа е она што се бара и што се препознава најмногу денес, во ерата на социјалните… медиуми.

Дополнето:

Имало и твит, не ми текна претходно да проверам 🙂